Постојат супстанции кои го поништуваат дејството на хероинот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Не се излажа, во писмото стоеше еден официјален документ, судски документ во кој судот по службена должност го поништува бракот меѓу Рада и Ѓорѓе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Намуртен, татко му му кажуваше и како оние што убивале, иако се заколнале дека ќе го поништат семето на Венјамин, сепак потоа оставиле нивните девојки да се омажат за Венјаминците, да не се затре сиот израелски род.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ги зедов Коста и Цветан и одиме да го поништиме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Под нежната опна, непропустливата мембрана што го поништува надворешниот свет, обликот господари со своето траење.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Само помислете на Либерачи (кој во слободно време беше и реставратор на куќи): само благодарение на тоа што си изградил сложен вештачки идентитет на отмен и гламурозен уметник, на ширач на висока музичка култура, можеше да го поништи презирот што инаку ќе си го навлечеше затоа што беше онаква кралица.362
Нема сомнение, извесен дел од привлечноста на настраните културни практики за геј-мажите лежи токму во нивната далечина од отворената сексуалност: тие на геј-мажите им овозможуваат други облици на настран израз од оние строго сексуалните.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наместо да биде телесен, животински чин што може да се доживее како недостоинствен, гнасен, срамен и изопачен (барем, ако го правиш како што треба), архитектонската реставрација, музичката изведба или собирањето уметнички дела не само што се општествено угледни, јавнодуховни и фалодостојни туку и тие, токму како и модернистичката апстракција во овој еден поглед, овозможуваат искупителска шанса да се надминат телото и неговите функции – да се избега од избербатениот идентитет на (хомо)сексуален субјект и од сета стигма што оди со него.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Разбирливо е што она што геј-мажите би го вреднувале и би го негувале во тие дејности е токму тоа што милостиво се изземени од сексуалноста и, со тоа, од обвинителна осуда, било од други, било од самите геј-мажи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Понатаму, културните практики им даваат на геј-мажите вентили за страстите што му припаѓаат на ред наводно повисок од сексуалната активност и што дури може да спаѓаат во естетското, во духовното или во несебичното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Слаткиот и згоден занесен син на тоа семејство тајно се венчал со Веда, а приземната и снобовска мајка на момчето е решена да го поништи бракот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
- Ништо не те разбирам, - му го поништи со еден мрзлив потег Геро сето знаење на неговиот учен врсник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Господи, имам шанса да се избавам И да го поништам злото на кое сум изложен.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Тие луѓе чекорат низ животот носејќи ја ужасната ледена пустош во градите, чекорат истоштени од доживувањето на таа ужасна празнотија, но во миговите кога ќе почувствуваат дека таму, наместо ледената пустош, може да има топлина и исполнетост, бегаат од она што може да ја донесе промената.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нив ги измачува, ги боли таа празнина, тие очајнички сакаат таа празнина да ја исполнат, ама и ужасно се плашат од стварноста која може да ја исполни празнината, затоа што стварноста ја доживуваат како стравична закана, како нешто што ќе го поништи нивното празно Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И постојано, колку и да ја замолкнував мојата внатрешна сенка, колку и да го вртев погледот кон некоја светлина која требаше да го поништи нејзиното постоење, таа го поставуваше своето прашање: Да се живее или не?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Едно попладне, кога се вратив дома по долгото лутање низ градот, мајка ми потсмешливо ми рече: „Те бара едно весело момче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Иако промени неколку кројачи, а помеѓу нив и најпознатите од Стара чаршија, нему не му појде од рака да стрефи мајстор кој ќе му сошие сако што ќе ја прекрие чудната форма на неговиот граден кош и ќе го поништи впечатокот дека неговото торзо е градено врз скелет од голема птичја кобилица.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Судот (преку судијката З. Треневска), донесе делумна пресуда во корист на Марковски, со која се усвојуваше дел од неговите тужбени барања,4 но истата – поради жалбената постапка која следеше – стана правосилна дури во јануари 2004.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, судот го поништи отказното решение како незаконито, меѓутоа постапката не заврши тука – тужениот работодавач (преку адвокатот Ј. Јоанидис) поднесе жалба против првостепената пресуда до Апелациониот суд – Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Вистината е при тоа мирно и понатаму нетолерантна.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Црквата не ги поднесе Галилеевите вистини.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Таквата толерантност на другиот така дозволува поништување на субјективноста на двајцата дискутанти: едниот го прави само заменлив застапник на Вистината, а другиот го поништува како бранител.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)