САВЕТКА: За прстен остана Николаќи да си го порача и в недела да си направиме строј.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
ФЕЗЛИЕВ: (Се врти.) Ќе правиш она што ти го порачал Иванов.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
„Лоша вест“, рече Кинезот Као пред да го порача своето вообичаено шише „бадвајзер“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
РИСТАЌИ: Не треба! Сега кир Николаќи нека го порача прстенот, в недела ќе си направиме строј и тогаш: и благо ќе лапнеме, и винце ќе се напиеме... (го чука Николаќија по рамото). Вака ли, кир Николаќи?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Иванов, за мене, веќе смислува нов Ѓорче Петров, го именува веројатно Димо Хаџи Димов или кој знае како, и се готви, веќе утре, да ми го порача мртов, со истата закана - ... дека ако не отиде главата на тој нов Ѓорче, ќе отиде - мојата.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
“Уметноста” е убава но лажна, и токму поимот “изглед” тоа ни го порачува.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)