го (зам.) - потсети (гл.)

- Ама го нема Сулејман Пеливан да дели мегдан со нас, - го потсети Коце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Така убаво завитканото шеќерче го потсети токму на тоа - на сказалка од часовник.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Минувајќи преку овој мост човек не чувствува дека се префрлува од една во дуга држава, ако на тоа не го потсетат различните униформи на царинарниците од едната и од другата земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа е начин да се преживее, тие се сите тука свои на своето, тој е дојден и заглавен во туѓ град меѓу туѓи луѓе, во туѓа средина во која единствена смисла има да продолжи да ја држи функцијата, инаку е никој и ништо - се правдаше самиот пред себе си, а оној темен дел од желбите ќе се појавеше ненадејно од темните келари на неговата душа и ќе го потсетеше дека се лаже: „Не се прави наивен”, ќе се соочеше со себе си; неодамна самиот пред германските власти ја издејствува смената на Сабтај Салтиел, но и преземањето на неговата функција, стана и претседател на еврејската заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се почувствува побезбеден и што е најважно, се почувствува повторно важен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Овој „старец” ќе цица, ќе ја валка својата постела, ќе го носи името на предокот; оние од неговото старо поколение коишто сѐ уште се живи, ќе уживаат гледајќи како нивниот стар другар од ловиштата и битките мафта со своите малечки екстремитети и вреска; штом ќе проговори, ќе му ја наполнат главата со сеќавања за починатиот; строгата обука ќе го „поврати” неговиот поранешен карактер, ќе го потсетат дека „тој” бил гневен, суров или широкоград, и тој ќе биде убеден во тоа наспроти секакво доживување на спротивното.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
— Ами, ете до каде: да те слушнам колку пари ќе му бараш на чифлигот... — го потсети Јован.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
V Другарот Чапаев се врати замислен во својот кабинет. Секретарката го потсети на другите обврски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Овој прозорец го потсети на онаа ноќ, кога заедно со Неа не склопија око бдееја над болната Весна, која грчевито му ја стегаше раката и сè додека не заспа во зорите, без прекин повторуваше „тато, тато“.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чадот го потсети на компирите што се варат, па забрза кон колибата. Со виљушка боцна во еден од компирите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„И кибрит”, го потсети Ване кога ја прими кутијата цигари.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако се вклопува, во ред; ако пак испаднат несварливи, повторно е во ред, зашто ќе го потсетат гледачот на артифициелноста на правењето филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Гринавеј сака да го потсети гледачот дека филмот не може да ја “зароби” реалноста директно, на непосреден начин, повеќе одошто пишувањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кети не плачеше, не липаше, ниту цимолеше, но две солзи се процедија и ѝ потекоа по образите, така што кога Милан ѝ се доближи, нејзиното лице го потсети на насолзеното лице на волшебната икона која плаче, што ја видел во еден манастир во Стариот крај.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Продолжи да оди. Пенушките од брест, што беа откорнати од теренот и со булдожер беа турнати во купишта од безредие со корењата црни како јаглен кренати нагоре под чудни агли, му изгледаа стравотни и го потсетија на надуените мртви тела испечени од сонце, што ги имаше видено на северно-африканските бојни полиња.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
" Перо молчеше речиси не сфакајќи, но по пауза таа го потсети: "Мислам, во мое присуство".
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Изгледот на кучето, уште при првиот поглед, го потсети на описот на Грифонот во неговата Британика.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не знаејќи што да прави, почна да ја корне тревата пред себе, но тоа само го потсети на верувањето од детството дека тоа носи дожд, та уште повеќе се изнервира и очаја поради што почна да бара спас во нанесувањето бол на самиот себеси: силно се удираше по бутините, по колениците, во слабината, по главата, се штипеше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
За да го потсетам што е вода, нацртав и риба со чаша во устата.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Вода, - реков.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
-Слушни ги песните на птиците! – зборуваше старецот за да го потсети.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ѕвечкањето на коцките мраз во чашата во неговата рака го потсети дека повторно пребргу го испил пијалакот, пред да се стопи мразот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
IV. Движењето со кое секогаш си ги триеше зглобовите уморни од пишување го потсети на татко му, шаторџијата кого Петар го споменуваше со толку презир.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ќе се пресрамам и ќе се вратам од кај што сум дошол.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби и Дмитар-Пејко го видел во очите на својот судија она што тој сега го гледал под веѓите на тие двајца кога прашал без зачуденост дали тие бараат лоша крв во него, дали ќе го сечат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговиот нож му стоел над очи кога еден од нив, Андреј или Цене, го потсетил дека пред тоа замавнал за да убие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го потсетив за ловот за кој нејасно ми говореше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никифор Ганевски го потсети дека абердарката има два краја: едниот пука, другиот може да падне врз тилот на тој што ѝ го стиска чкрапецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шепите видливо му бабреа од надојдена крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зачудениот поглед на рецепционерката, која додуша се имаше изнагледано сè и сешто, го потсети дека маската е се уште на него.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Она, што се случи со него и со волкот, не можеше да не го потсети на сето друго, што се случуваше околу него, од сите негови страни, и сега, наеднаш тој веќе беше свесен што можеа да значат и сите оние несфатливи прострелкувања на вртенестите прилики, што сновеа и пресновуваа сето време по сивината меѓу стеблата на самиот раб од неговото сознание.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите негови маки и незгоди се сведуваа на тоа: со влегувањето во занданата, тукашните го потсетиле на обичајот - да ги почести со по едно кафе за добредојде во „фамилијата“. Пази боже од ваква фамилија!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
По еден заод некој од рабониците го потсети на оној ден кога првпат навлече долги панталони.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тапиот поглед на сликите го потсети Александар дека утре треба соодветно да се облече.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во собата имаше еден кревет, уредно наместен со превиткан чаршаф и ќебе, што Александар го потсети на планинското детско летувалиште во кое родителите редовно го испраќаа за време на летниот распуст.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Бордо костумот, кој Александар го потсети на еден популарен фолк пејач кој што редовно ја пополнуваше новогодишната програма од времето кога Алек беше дете ѝ стегна еден шамар на Александра.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тоа го потсети Александар на црната мачка која една августовска ноќ мирно го гледаше со своите зелени очи кои светкаа во темницата, таа беше качена на кантата за ѓубре зад зградата каде што тој живееше со своите родители и од таа позиција зрачеше со некој вид на достоинство на средновековен владетел.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ја погледна Херкулина. Таа го искористи моментот за да покаже кон својот рачен часовник и да го потсети дека времето за посета истекло.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не оставајќи ѝ време да реагира, ја повлече со левата рака, а десната ѝ ја стави околу вратот и му викна на Сатурн Волшебникот: – Одете си! Сатурн побегна избезумен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби и немам на кому да му пишам и да го потсетам дека исто вака мирисаат во овј час тревите на Ерменија и на Македонија, можеби поскомињаво и полуто зашто таму тие се поени со крв и со гниење месо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
По еден заод некој од работниците го потсети на оној ден кога првпат навлече долги панталони.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој го потсети Татко дека минатиот пат се договорија да трагаат по излезите на балканските лавиринти низ јазиците и јаничаризмот и дека е готов да прими порачки за да набави книги од овие области.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски имаше уште многу податоци од западните извори за јаничарството, но Татко го потсети дека беше време да се задржи на главната цел на нивниот проект: дали во списокот да се задржи овој збор и неговите деривации во балканските јазици, зашто ги очекуваше работа врз уште многу други зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски нестрпливо очекуваше Татко да продолжи и, сепак, не издржа да не го потсети: Но ти не ми кажа како заврши меѓународната полемика.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Тогаш, ајде, кажи една стихотворба, - ќе го потсетеше другарката Оливера Срезоска. - Речи нешто!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој го потсети на сличниот пример од поновата турска историја кога Ататурк (кон кого Бургиба покажуваше безрезервна восхит), обвинуван од Запад дека ја загрозува плуралистичката демократија, со фаворизирање на својата монистичка партија, побарал од својот компањон од сите битки за нова Турција, неговиот некогашен прв министер и парламентарец Али Фетхи Окјар (родум од Прилеп), да формира Либерална партија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но она што навистина го потсети на неа токму во тој момент беше несносната горештина на тоа попладне, од која му изби пот по челото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа го потсети на полутемнината на приземната кујна и на празната уста на жената.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нафтата го потсети Трајчета на Федерико, на неговиот случај, ама тој не смееше ништо да Ј каже на мајка си.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Трајче качамакот го потсети на една песничка.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Малите секси хотели немаат послужување по соби”, го потсети Џоен низ солзи.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Институтот Чотоква“, го потсети неговата жена - и Френк сега се сети како еднаш, пред многу години, одмавнуваа со главата гледајќи го тој помпе­зен натпис над сцената на која досадно се одвиваше еднаа мошне несовр­шена поставка на некоја второкласна опера.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- И премногу е добра за да виси во службени простории – беше идниот негов заклучок.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Помислив тоа го правите зашто ви се допаѓа сликата! – го потсетив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакам да го потсетам дека е вљубен и дека само вљубените се надарени да шлапаат боси по водите на илузиите, да негуваат во размислите градини од лажни претпоставки и да донесуваат произволни заклучоци.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зошто да не ја замоли Јованка да го потсети на некои од поединостите што можеби не му паднале на ум, не ги забележал, или пак му се измолкнале од вниманието додека ја земаше поканата во оној налет на еуфорија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Размислувам, размислувам“, вика тој преку прозорецот, „а ништо не ми текнува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Наеднаш гледам, се обѕирнува кон мене, кон прозорецот, сака да ме види, како да бара помош да го потсетам што се случило или можело да се случи деновиве, и што било причина да ја поттикне власта да се заинтересира токму за него, но очигледно ништо не му идеше наум.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Му ја честитаа Новата година и го потсетија да си го поправи оштетениот оџак. Само што не се срушил.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
„Не е Злато, туку Трено“ - го потсети мама Злата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Водникот кој потекнуваше од неговите места, едно двапати му прости и го потсети дека тоа е забрането.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Владееше тешка пладневна тишина, само откај реката ветерот ја донесуваше вревата на младинците, како да сакаше да го потсети да побрза.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А колкот, небаре да го потсети, туку почна да го бие силно, како камбана.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тенката и ковчеста става го потсети на млади плашки, но ако тоа тело на јагула го привлечеше на своите гради, тоа немаше да се скрши, туку ќе се свиткаше мазно и лизгаво.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Шишман тоа како да го потсети што треба да прави.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа го потсети Германа Марков да претрча до дома и донесе цело шише со ракија, па им ја дополни матарката и им даде да цврцнат уште по еднаш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сето тоа го потсети на колективна експлозија на зеленило, на чин на пресоздавање на светот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа порака на Летка ќе го потсетува дека ќе му биде потребно трпение додека прикаската не легне, додека невидливиот камертон не го потсети на првата нота со којашто мелодијата може да почне со најмал ризик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги остави пред „Холидеј ин“ во Скопје. Како што не заборавија да го потсетат дека ќе го чекаат да оди во Гостивар.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Ќе те барам да го прашаме или барем да го потсетиме пријателов да се обиде да се сети.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бучавата за којашто дури сега стана свесен го потсети дека синоќа, кога си легна и се затаи да заспие, ја чу истата оваа необична бучава и ја слушаше сѐ додека не се сети дека таа доаѓа од реката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа го потсети на нужноста и корисноста од позајмен ум.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во неговата осаменост се населија две живи суштества што го потсетија на неговата младост.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Попусто. Песната личеше на офкање и уште повеќе го потсети на неговата старост.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- А велосипедот? – го потсетив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ти со тоа немаш никаква врска.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)