го (зам.) - преврзе (гл.)

Откако го преврзавме и му е смирија болките, се расплака и рече: - Ах, копиле, да ти е... мајката таму каде ме рани!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Истргаа еден сноп `рженица, го преврзаа на две за перница и се кутнаа да спијат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Молчи, се исправил Арсо Арнаутче; треварите го преврзале и виделе дека јатаганот не му го ископал окото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Удрете, еве ги клековците, да викаат по нас. - Се колевме вчера со едни, денес ќе се колеме со други, им се придружил пискотливо и запенето Метуш Батковец. - Ќе се колеме, готово.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој му го соблекол шијачното палто и му го преврзал рамото со ракавот, скинат од неговата кошула.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Подобро нека го преврзува ѓаволот, - реков.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пак го помилува Дорча, му го извади самарчето и го преврза да пасе на друго место.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го вратив назад, го преврзав, беше незгодено за преврзување, ама некако го сторив.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)