И со тоа Доста го премести својот план на друга страна: да го брише еднаш за секогаш Крчето попово од умот и да и остави полна слобода на ќерка си, таа сама да си одбере друшка по нејзиниот ќев и волја.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го обзема зазор и го преместува погледот на Имотот, на Источна порта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од нив, од песот и од стопанот негов, погледот го преместува на живеалишните куќи на имотските луѓе.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По многуте изменети српски чиновници, во 1934 година за шеф на станицата дојде Неделко Акиноски и остана тука сѐ до 1944, кога фашистите, не знаејќи многу за него, дека е организиран, како доверливо лице го преместија да биде шеф на станицата во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Таа, Лила, беше чиновничка ќерка. Татко ѝ го преместија пролетоска од Србија во овој град.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Го зеде белиот коњ и го премести на таблата. Тука е вистинското место.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Потоа го премести во друго дупче и пак заврте. - Молам! - се слушна во слушалката еден глас.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Каучот го преместив така што да можам да го гледам телевизорот од лежечка положба.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Овчар бил. Еден ден, кога му дошол редот, другарите ги скорнале овците, а тој останал на бачило да го премести трлото, да ги измие каците, да ги испере цедилата и да стори сѐ што требало за да можат вечерата, кога ќе ги измолзат овците, да го спастрат млекото.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Кога ги менува чантите, ако е посвечено облечена, па не ѝ одговара таа што секој ден ја носи на работа, во другата, свечената, го преместува и огледалцето.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Неизоставно така прави и секогаш одново го разгледува со љубов и внимание.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Зар го преместија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Имајќи ја предвид специфичноста на фактите и природата на наводите во ваков тип на случаи (...), во практиката би било многу тешко жалителите да докажат дека имало дискриминација, без преминување на товарот на докажување“ (Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, „Основните граѓански и политички права и слободи“, 2014, стр. 44) 81 91 за заштита на учесниците во постапката за заштита од вознемирување на работно место и (7) не го премести привремено вработениот во друга работна просторија или работна средина.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во еден момент ја забележав дури и неговата сенка како се протега низ отворениот прозорец за да го премести од мојот поглед преостанатиот дел од тврдината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кога се врати Грофот си седна на бирото и се задлабочи во хартиите пред себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Покрај сите разлики, тоа е истото што го сторил Пруст во наведенава одломка: „го преместил гро-планот” врз Одета (го рекадрирал гро-планот врз неа) за да ни го прикаже нејзиниот слушател од заднината. превод на двата текста: Павел Попов извор: Alfred Hitchcock (зборник, 1984, Љубљана) “...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Енциклопедиите, учебниците, атласите и разните мапи беа доволни да го преместат и пренесат каде што ќе посака.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Најнапред ги кладе на хартија новите сознанија; го премести оџакот на покривот на Алмаковци; потоа се зафати со преправки на црквата што беше изградена на височинката над селото..
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Станува збор за одмазда на Перон затоа што Борхес со група интелектуалци беше потпишал неколку антиперонистички прогласи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кога Перон по победата на изборите ја презема власта, Борхес го преместуваат од библиотека и го поставаат за инспектор за живинарство.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тој ја одбива новата работа и се издржува од јавни предавања.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
1947. Го публикува есејот „Ново оспорување на времето“.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)