го (зам.) - премолчи (гл.)

Барем еден од ова камење кога би го кажал она што го премолчува - би се покажало нешто како море среде кое одново ќе стоиш Ти - на песната бајракот вечен.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Прашањето на Ѓорѓе го премолчи, клопче свиткана на аголот од пространото брачно легло.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еве, јас сум жив доказ за тоа: по многу упорни обиди и залагања, вчера конечно добив охрабрувачки и-меил од една продуцентска куќа (заради професионална дискреција ќе го премолчам името на испраќачот, па во понатамошниот текст ќе ги нарекувам Џиги Миги Ентертејнмент).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
На Кривашија не му беше лесно сето тоа да го премолчи и затоа почна да попаѓа во немилост што својата сурова разврска ќе ја добие за време на Информбирото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги премолчив моите јадови. Игбал го премолчи прашањето што очигледно сакаше да ми го постави и се упативме таму каде што тој реши да ме одведе:
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Иако се обидуваше да го премолчи одговорот на ова прашање пред самата себе, знаеше дека тој е единствен.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И да било така, не ќе бев подготвена да го прифатам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вториот глас, овој пат ќе го премолчам. Беше толку злонамерен што веднаш решив да го тргнам од умот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Се разбира, го премолчав она, за силувањата, што ми се најде на врвот на јазикот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го премолчив она што го видов во него кога повторно го закачив. Повеќе не разговаравме за огледала.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И понатаму: по која логика студентите беспомошно застануваат пред првата општествена пречка на патот до знаењето, по која логика на јавно ниво го премолчуваат проблемот и зошто нивна единствена реакција е регресијата во приватен трач?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Она што во Германија им се префрла на поединци - не толку фактот дека некогаш работеле за тајните служби на тоталитарните држави, туку токму тоа дека денес тој факт го премолчуваат - кај нас би можело да му се префрли на целото општество.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Или ќе настапи како гласноговорник на машките желби, од оние политичките до интимните, или како декоративен привезок на машката моќ ќе го премолчи целиот настап.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И песот верен него го премолчува Дури и за мачката, сестрата на месечината, Овој податок преттставува отровна стрела Затоа го смета слуга на предавствата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Брат ми, иако одмавна со раката на моите зборови, не можеше да го премолчи своето противречење, и неколку минути подоцна, додека така чекоревме, рече: “Ти знаеш дека јас одамна напишав дека религиите се родени од потребите за утеха.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Утеха за сите мачнини кои ни ги задава животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нејзиното шаренило дејствуваше збунувачки врз нив, така што старецот не можеше да го премолчи тоа. -Ја виде пеперутката?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но никој од операта не можел да го премолчи скандалот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се разбира, знаев дека ќе се врати пијан и дека ќе ми раскаже само онолку колку што само нему му одговара а остатокот ќе го премолчи за да може уште утредента да се извинува, да надополнува, да открива или да измислува онолку поединости колку што тој сметаше дека за тој ден е доволно...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога го затворија нејзиниот внук од постарата сестра, Сашко, три дена гладуваше пред затворската порта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Некој како да ѝ наредуваше да се вљубува; како да ја советуваше да избрзува со своите заклучоци; како да ја насрчуваше да го каже и она кое што друг ќе најде за потребно и да го премолчи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа, се разбира со ваша дозвола, сепак нема да го премолчам прашањето што може да ни понуди интересен одговор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)