го (зам.) - прикрие (гл.)

Секоја убава жена претставува компромис со злото - понекогаш надворешните обележја на злото го прикриваат вистинското лице на жената.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Затоа, мораме да го отфрлиме позитивизмот којшто стекнува „сигурност” така што успешно го прикрива она што е и она што не е, така што го униформира светот, го преобразува она што е стварно дадено, во заграбено, а потоа го зема тоа како дадено, така што светот го лишува од битија, а светот на битијата го прогонува во земјата на сенките на субјективни „вредности”. okno.mk | Margina #22 [1995] 31
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
•Најдобрите личности во филмот се споредните улоги, судијата, Чарлс Лотон, и неговата жена, Етел Баримор.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Словенските андарти се борат со поголема храброст отколку нивните грчки другари и словенските селани се помалку зборливи и повеќе искрени отколку Грците. Но јас се трудам да го прикријам ова мое лично чувство“.35
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Колку и да се обидуваше да си го прикрие вознемирениот израз на лицето, овој патне можеше да ја задржи тагата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, иако срцето ќе му препукнело, морал да го прикрие тоа, па дури и да изгледа весел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За да избегнат прогон во хомофобичен свет, настраните мораат со сите сили да си го прикриваат ликот на настраноста, да ги кријат видливите стигми на хомосексуалноста и да се прават стрејт, барем дел од времето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во нејзините очи има умор и болка, нејзините трепки се влажни од солзите чие присуство се чувствува насекаде иако девојката се обидува да го прикрие тоа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Поради тоа, некои или го менуваат или го прикриваат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Безумен предавнички поглед, во длабок понор молскавично блесна помислата за коренити преданија на неверна жена... со фереџе го прикри твојто лице..?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
ЗА МИГ Може ли сонцето да го прикрие своето распламтено лице?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И останува само мудро да ја состави приказната - како да го прикрие подолгото отсуство од Светлана и Никодин. Ѝ стана полесно штом ја здогледа проѕирката на излезот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога јатото се изгуби зад редот на оревовите џиновски стебла, некаде кон сувиот поток, лисицата ги допре на земја цицките и сети болка од надојденото млеко; го подуши млакиот воздух и појде кон длабочината на шумата барајќи непроодни места за да го прикрие патот до своето легло.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Луѓето наследиле од дедовците навики и знаење; напролет го садат компирот на онаа педа земја што ја имаат, се веднат со копачките во лозјата зад ридот, го следат со очи снежното окопнување во дабовиот честак; налето се виткаат над компирот да го прикријат со тврдите грутки, ги колнат ненаситните кртови, чекаат дожд; наесен го слават гроздоберот и вардат - што помалку леб ќе се изеде, сѐ повеќе зрна ќе се засеат ораниците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога јатото се изгуби зад редот на оревовоите џиновски стебла, некаде кон сувиот поток, лисицата го допре до земја цицките и сета болка од надојденото млеко; го подуши млакиот воздух и тргна кон длабочината на шумата барајќи непороодни места за да го прикрие патот до своето легло.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Секакви болести има на веков. Некој се срами од она што го сака и на секаков можен начин се труди да го прикрие.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Никогаш не ми се допадна како целиот впечаток се расипа кога се тргна од шанкот, левото рамо му беше накривено под агол кој ниеден париски кројач не би можел да го прикрие.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- Маската падна, - рече татенцето со победоносен тон како да го чекал само овој миг, - маската падна, - повтори, камуфлажата не трае долго, како пудрата што кај нечесната жена се брише (уште спореди татенцето), - како пудрата што не може да го прикрие лицето на нечесната жена, додаде некако деликатно, искусно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Она што беше дури и полошо отколку потребата да се сконцентрира на една серија од детални задачи, беше потребата да го прикрие своето неспокојство од телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во одајчето на Димостен Пелагија си дојде на себе, ама само во однос на јавноста, дека била тешко болна од пренапрегнатост, од самопрегорност, а дека сега треба да го прикрива вистинскиот мотив од што била болна.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Од гледна точка на Павлов експериментот требало до докаже дека кај кучињата условниот рефлекс секогаш постои, додека Лакан истакнува дека таквиот заклучок е чисто идеолош­ки, бидејќи го прикрива фактот за тоа дека дури означителот го предизвикува рефлексот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Можеби тоа несовршено палто на Поетот нема задача да го прикрие неговото торзо од птичја кобилица.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Имаше нешто неприродно - разлика во времето, грешка во сонот во жената двојство ти во едната рака држеше стрип или викенд роман, со другата ја тешеше, искуството не ти помагаше да го прикриеш „туѓиот говор“, книшкиот изговор мораш, значи пред тебе животот се отвора како покладен портокал дива циклама, праизведба мораш, значи немаш објективна причина туку мотив, емотивна мечта некоја друга Прокна или сестра ѝ Филомела 8 некоја друга Семирамида или прислужничката ах, мамката на анонимните жени отровот на тривијалните судбини барем да исчезневте сосема да не морам да го слушам, да не морам да го повторувам „гласот на ткајачката“ крикот на кросното, јавката на откинатиот јазик, нејзиниот, мојот нејзиниот мојот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дали поради желбата да го прикрие срамот од бојадисаните раце; или поради големите плодови; или затоа зашто тебе те виде а и ти засмејан гледаше во неа; или во прашање беше нешто сосема трето; знаеш, тогаш таа веќе беше во оние години кога и не си сосема сигурен дали детето ти се смее од нејзиното лице или пак девојката.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Затоа што елиминирањето на границите значи бришење не само на нејзините манифестни компоненти, туку и надминување 77 Бидејќи, како што истакнуваат Донан и Вилсон, границите може да послужат како корисни метафори за разбирање на немањето корен на многу популации во денешно време, но тоа не треба да го прикрие фактот дека секој поединец живее во или меѓу границите на национални држави, како и дека тие граници се секогаш повеќе од метафорични.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Исто така значи да се има пошироко сфаќање за нештата и да си биде во состојба да се сфатат различните аспекти (без разлика колку се оддалечени еден од друг) на некоја реалност, како дел од целината.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
- Да, - тетка ми Олга конечно одговори, па се сврте накај мене, - само Васил, не сакав да ти кажам за да не се заморуваш со тоа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас нешто не можам да спијам, па така, - очигледно дека не ѝ текнуваше што да измисли за да го прикрие постојаното патролирање пред тоалетот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој формирал девет бановини, на чие чело се наоѓале гувернери (банови), назначени од кралот и имало Сенат составен од луѓе препорачани од полициските власти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, тие констатирале и дека кон крајот на 1929 година „кралот Александар признал дека федералистичкото движење станува сѐ посилно и посилно и решил да го прикрие својот централизам со инаугурирање на вештачка поделба на државата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)