Но на Салила не му беше му било „пишано" тука да загине, та бајонетот во темницата беше го прободил лесно крај десните ребра и така жив беа го закопале.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Соколета како да го прободе самиот седми ангел со огнениот мечовиден јазик право в срце.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И обвинуваше. Што правам јас?, - ќе се прекореше и истиот час ќе го прободеше нејзиниот загрижен шепот „вечера ли?“ Не ѝ одговараше.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
“Зошто не земат хероин?, дрндаше Пол, сите добри музичари земаат хероин”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Грејем не рече ништо и Пол сфати дека го прободе во вистинската точка.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Зборот „врати“ како да го прободе нејзиното срце, се вознемири, свеста ѝ се разбранува.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Позволете им зашто Секој е крст на својата жртва а клинците го прободуваат и крстот.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Студениот ветер зафуче низ дрвјата и преку редениците и униформата како да го прободе право во срцето.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Помош, ми треба помош!“ мислата почна грозничаво да му работи во главата додека со раката си го притискаше местото на болката на градите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Како некој меч да го прободе право низ срцето и се зари некаде длабоко, длабоко во неговите гради.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ама гледај што се случи. Него го прободе. Среде срце.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тоа паѓа на земи, а другиот го прободува во срцето.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Овие зборови како со кама го прободеа кадијата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Му го прободеа со нож - ми објасни тој.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Вчас, како некој да го прободе во срцето, испушти најсилен, најужасен крик.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
„Па чиј е тогаш оној глас ноќен И оној утрински рев што го прободе сонцето со меч среде срцето?“
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
- На Акакиј Акакиевич ваквите зборови му го прободеа срце. – А зошто да не може, Петрович? – рече тој со речиси детски молбен глас, па само на грбот што се излитило малку, па нели можеш да најдеш кај тебе некакви парталчиња...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нешто наеднаш го жегна, го прободе и го одзеде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)