Господарот брзо се сврти. Неговиот поглед крвнички се впи во Аргир и како со клинец го пронижа. Но само за миг.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Веќе следниот миг се слушна како вагоните во тунелот сопираат, како експресот ја губи силата, како не може да го прониже тунелот, како папсува; а само миг потоа, од тунелот истрчуваше машиновозачот, млад човек со брада, ќелав, влакнест во рацете, избезумен, и нешто викаше; излегуваа од вагоните и многу луѓе, цел град, цел еден свет; се собираа под покривот на мостот, под мрежата со згаснат напон и гледаа во јагленосаното тело што лежеше на мрежата; некој се онесвести, а некој друг повика: „Каде е жената?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Претседателот го пронижува со поглед Глигора: „Ми се чини не си свесен дека сам се туркаш во пеколот“- мрмори тој.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И одново целото тело го прошиваат и го пронижуваат морници.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но кога Тодора за првпат го виде, и одвисоко, со опулот го пронижа прашувајќи „што бара овој ќелеш овде?“, Петре, без да знае што прави, ѝ го врати храбро погледот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И кога по судирот чкотна клечка ќибрит и го погледна убиениот непријателски офицер — како и него да го пронижа куршум, бидејќи во него го позна најблискиот свој другар од универзитетот во Марсеј, каде што двајцата студирале на една група, та дури заедно и во еден кревет лежеле цели две години.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го доближив кундакот до образот и го пронижав кај што се држеше со рацете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)