Ваквото нејзино расположение уште повеке го развесели Крстета, кој чекаше некоја кавга или плачка од Анѓа за нанесената навреда, но виде дека и таа е задоволна од поповата постапка, та ни тука не му остануваше некаква тежина на душата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Доколку идејата те интересира, секако јави ми си - спомни му ја на Мен Реј (Man Ray), ќе го развесели.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Музиката му го развесели и чекорот – звуците чудесно му дадоа ритам на неговото чекорење и на неговото постоење во тој миг, и тој знаеше дека ништо не може вака да го разбуди освен волшебноста на музиката. Или речиси ништо...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во овој дел авторот најде една реченица што скоро го развесели.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тоа со пеперутките на Еда многу му се допадна. Ништо не покажа, но просто го развесели.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Влегувањето во зградата каде што живееше секогаш барем малку ќе го развеселеше Александар.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ама за ибн Пајко, сотрен од чемерот, во цела бавча со цвеќиња не можеше да се најде ни едно што со миризбата да го развесели.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Пушти се сосем, човек си, бре, разведри се!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Бре, Циганин и студен камен ќе стопли и ќе го развесели!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Знаев: несреќниот ќе го развеселам само ако му ја вратам сенката.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
А јас тебе ќе ти нацртам нешто смешно.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Мислев дека тоа, ќе го развесели.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Главатарот ми понуди половина државно богатство (еден стар клуч, две празни конзервени кутии, една сламена шапка и неколку шарени парчиња стакло) ако го развеселам Карамба-Барамба.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
- Јас не сакам палјачо, сакам сенка.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Но сепак, што е натаму.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Но натаму започна таква катавасија, што јас не сочував сѐ во сеќавањето зашто многумина одеднаш се разбудија; се разбуди чиновникот од статските советници и веднаш со генералот започна за итниот проект на новата поткомисија во министерството - за работата и за веројатната, сврзана со поткомисијата прераспределба на должностите со што мошне и мошне го развесели генералот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)