Записникот за советувањето и гласањето ќе се затвори во посебна обвивка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Овој записник може да го разгледа само повисокиот суд кога решава по правен лек, и во тој случај записникот повторно ќе се затвори во посебна обвивка и на обвивката ќе се назначи дека записникот е разгледан (чл. 120, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
При ова, заштитата се сведе само на вонсудска заштита пред самиот работодавач, слично на онаа народната „кадија те тужи, кадија те суди“, и на дополнителна т.е. секундарна заштита, пред надлежниот основен суд; 7 6. У.бр. 139/2005-0-0 од 21.XII.2005; У.бр. 161/2005 од 22.XII.2005; У.бр. 134/2005-0-0 од 29.III.2006; У. бр. 187/2005-0-1 од 10.V.2006; У. бр. 111/2006- 0-1 од 24.I.2007; У.бр. 188/2006-0-0 од 4.IV.2007; У.бр. 170/2006-0-1 од 6.VI.2007 и У.бр. 263/2009-0-1 од 22.IX.2010. 7. Некои од овие „кастрења“ на одредби од процедурален аспект имаа смисла бидејќи, на овој начин, се одбегна дуплирање на истите одредби во повеќе одделни закони – затоа што постапката за заштита на работничките права, кај нас се третира како посебен вид граѓанска постапка и, според тоа, е регулирана со ЗПП (2005), со ЗИ (2005), потоа со ЗОП (2007), како и со ЗМРРС 23 – исто така, повеќе не постои одредбата која велеше дека над лежниот орган кај работодавецот е должен, пред донесувањето на одлуката по барањето, односно по приговорот на работникот – да побара мислење од синдикатот во кој тој членува, како и задолжително да го разгледа и за него да се изјасни, ако синдикатот доставил такво мислење (чл. 146, ЗРО/03 – ПТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Селаните од ден на ден чекаа да дојде главниот инженер, а него го немаше...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Тоа не може! - се лутеше командирот на турската полициска станица.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Прво треба да мине инженер да го разгледа местото.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Штом инженерот дојде, го разгледа теренот, каде што требаше да се направи нов пат, тоа не беше чудно.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Кога по неколку дена, откога јас се вратив, без да останам подолго со Агна во С (ја замолив, штом го привршам овој мој проект, а само накусо ѝ кажав за проектот, таа да е при крајот на подготовките за доаѓање кај мене во Маказар) и без да ги видам повеќе од еднаш ќерки ми, дојде екипа стручњаци да го разгледа и да го обележи теренот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Оваа статична слика на хрватското општество во која улогите на мажите и жените еднаш засекогаш однапред се зададени и се чинат просто природни, сериозно меѓутоа ќе се разниша ако малку подобро го разгледаме историскиот контекст внатре во кој е ситуирана нашата стварност. Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Прага и го пленува и збунува, особено новодојдениот, кој за да го разгледа „златниот град“ не знае од каде да почне, зашто било од каде тоа да го стори нема да згреши.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Попладнето се собравме кај Ташко. Им се пофалив на другарите: „Некаков лексикон ми даде Анче од VIб. Да го разгледаме и пополниме.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Сиве, без да сака, се обѕрна на сите четири страни, со уплав да не го види некој и да му се придружи, та да му ги земе половината.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Потоа го разгледа од сите страни и го одгрна онаму каде што беше го продупчила косата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но кога Сокол Мечевски речиси и го доби ветувањето од Водачот, од неговите најблиски советници и соработници, итно да го разгледаат случајот и да го вратат Татко во Архивот, со сиџилите, шеќерната болест, колку и да беше контролирана и смирувана со двете инсулински инјекции, вистински му го загорчуваше животот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сега првата нејзина реакција беше дека тоа било жива змија, која, се разбира, си заминала, но кога подобро го разгледа отпечатокот, што таа го направила на тревникот, пак ѝ се врати утешната помисла дека тоа било вештачка змија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Френк се наведна над него и го разгледа со нескриена љубопитност.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во тој миг Даниел се почувствува како човек кој, откопувајќи, нашол стара монета и сега мора да побрза да биде сам за да го разгледа она што го нашол.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица, Сл.весник на РМ, 136/11. 57 62 барателот во тој случај подносителот треба да поднесе приговор во рок од пет работни дена до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат, (ст. 15) кој е должен да го разгледа приговорот во рок од три работни дена и доколку утврди дека инспекторот постапил спротивно на позитивните законски прописи во тој случај е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот е должен да изврши надзор во Управниот одбор на Агенцијата за вработување на РМ. (ст. 16)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Израдувана од убавината, го разгледа местото пред себе и околу себе, уште еднаш го препозна дека е тоа истото место каде што секогаш кога тука ќе дојдела со гојдата на ова место, седнувала.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
А потоа, откако го разгледа купето и провери дали се добро сместени пилињата, погледот го запре на лицето на мајка ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„И ти значи в град. На прошетка?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ако, значи, го разгледаме тоа прашање, ние не се враќаме назад, а одиме напред, сознавајќи ја неговата важност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако прашањето за народноста на Македонците има првостепено значење за Бугарите, Србите и Грците и секоја од овие народности го третира по свое, тогаш зошто и ние тоа прашање да не го земеме во свои раце и да го разгледаме сестрано – и од бугарско, и од српско и од грчко гледиште, и критикувајќи ги сите нив да не си изработиме македонско гледиште за нашата народност, а се задоволуваме, според местото каде што сме се учеле, или со српското, или со бугарското или со грчкото гледиште?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се сеќавам во тоа време гледав групи земјоделци, селани, официјално водени да го разгледаат Музејот на Работничкото движење.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Додека Рада и Јана го средуваа магацинот, Саво и Снеже се упатија на прошетка да го разгледаат имотот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тој внимателно го разгледа и го стави во својот бележник; потоа, отклучувајќи ја фиоката од масата за пишување, извади едно писмо и му го даде на префектот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Откако добро го разгледа дома, тој откри дека на две-три места, имено на грбот и на рамената, тој се беше разретчил како цедалка; сукното толку се беше излитило, што пропушташе воздух и поставата се беше расцепила.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Па што има таму? – рече Петрович и во истовреме го разгледа со единственото око целиот негов виц-мундир, започнувајќи од јаката до ракавите, грбот, фалтите и петлиците, сѐ што веќе му беше многу добро познато, зашто беше производ на неговите сопствени раце.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но него веќе го забележаа, го пречекаа со повици и истиот миг сите тргнаа во претсобјето и одново му го разгледаа шинелот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Бендоу признава дека за малолетниците дрогата можат да ја купуваат возрасните, но смета дека е малку веројатно тоа и да го прават. 72
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Значајот на боите во алхемијата ќе го разгледаме подоцна.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сите метални прачки на страните од креветот се обоени со различни бои.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сепак, за го разгледаме вистинскиот општествен контекст на употребата на крекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
XLVI Кога започнаа да трагаат по опасните турцизми во балканските јазици кои во толковните и другите речници носеа најчесто ознаки дека се зборови историзми, кои главно си го завршиле своето значење, Татко и Климент Камилски не можеа воопшто да си претпостават, по нивните сестрани потраги, колку продолжуваше мистериозното присуство на овие поими, со незавршено, изменето и разгрането значење во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Притиснати од мноштвото неразрешени турцизми кои го очекуваа нивниот конечен суд, тие решија, откако ќе го разгледаат и последниот збор од првата серија милет, на секоја сесија да реферираат за по пет збора, секој одделно, до исполнувањето на замислената листа од сто зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Веднаш го донесе стаклениот тег за хартија до креветот за да го разгледа поубаво на подобра светлина.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон клекна и го разгледа коленото на цевката.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Јас имам еден. Дали би ве интересирало да го разгледате?“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој го разгледа шаховскиот проблем и ги постави фигурите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Методија пак, подработувајќи на гробот на Борко, се разгледал наоколу и решил да го разгледа местото.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
При ова, заштитата се сведе само на вонсудска заштита пред самиот работодавач, слично на онаа народната „кадија те тужи – кадија те суди“, и на дополнителна т.е. секундарна заштита, пред надлежниот основен суд; 27 • исто така, повеќе на постои одредбата која велеше дека надлежниот орган кај работодавецот е должен, пред донесувањето на одлуката по барањето, односно по приговорот, на работникот – да побара мислење од синдикатот во кој тој членува, како и задолжително да го разгледа и за него да се изјасни – ако синдикатот доставил такво мислење (чл. 146, ЗРО/03 – Пречистен текст). 2.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Кога Марија ќе земеше некој предмет во раката за да го разгледа - а нив ги имаше насекаде со десетици, прекрасни украси, - мајка му на Хелвиг веднаш ќе се створеше крај неа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Неколку пати го разгледа ковертот и се увери дека писмото е од друга држава.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Откако убаво го разгледа, тивко рече: – Да, тоа е каталогот на Ла Ринашенте, со модниот додаток за 1949 година. Сите бевме среќни.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Пандо го зеде писмото, го разгледа, ја стави цигарата на каменот и рече: - Да. Ова е на грчки. Да видиме што пишува.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Таа штотуку ја газеше испушената цигара, кога тој, со кавалерски, иако пребрз гест (типично козачки!), ѝ понуди нова, Marlboro.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Младиот човек во униформа ми пријде, ми го побара билетот, внимателно го разгледа и ме замоли да појдам кон Терминалот С (with bus).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И почнаа неволјите. Драган, кој беше главатар на сите деца од зградата, се доближи до елката и убаво го разгледа Дедо Мраз.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Дерида го прифаќа овој дел од структурализмот но останатите аспекти на Сосировата мисла ги отфрла.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој забележува дека фразите доаѓаат во фамилии, често бинарни фамилии, и тврди дека една фраза го има своето значење благодарение на нејзината поврзаност со останатите фрази од таа фамилија, и, особено, поради нејзиното разликувачко место во фамилијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Така, на пример, да го разгледаме зборот „црвено“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
„Жана, ти си инженер по шумарство и хортикултура, речи им на учениците што ги интересира, додека да го разгледаат теренот. Бидете експедитивни - само десет минути!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Петре, ибн Бајко, иако манастирот беше, што се вели, не само близу туку поблизу и од трепката до окото, веднаш спроти Скопје, над реката Серава, а на ридот што се вика Вергин, одвај дочека да го пратат на панаѓурот со манастирските чоеци, па да слезе во градот како што тој милее, да слезе и да го разгледа градот што ти имал сто и дваесет чешми и сто и дваесет џамии, над четириесет меани и маала, себил анои и амами, за кои беше многу слушал.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Потоа малку се исачи од него, го разгледа и му рече: „Добро што не одиш гол.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Навистина имаш вкус. Како можеше да одбереш толку убав прстен?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мајка ми свика од радост, го зеде прстенот, го разгледа од сите страни, ме изгушка и ме избакна и рече: - Прекрасен е!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)