Кога ќе се истрезнат Ѓупците - мамето ќе ви го расплачат...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
2. Io, Io!!! ова е окото Погледнете го ве молам раѓањето од ферментација на купишта скршени слики што никој не ги сфаќа сериозно погледнете го раѓањето ве молам Афродита (онака дрочна никогаш несилувана шуплива ко јалова школка а убава но морално подбивна) надоаѓа од периферијата кон центарот на овој неподвижен свет во ова време разјадено од премногу иронија да ни го расплаче мајчето да ни го згорчи лепчето и да нѐ подои со античка свежест Ова е окото Io, Io!!!
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Потоа замолчила, намнисувала да си продолжи пругоре по патчето, но се премислила: А вие, сестри, им рекла, нема ништо да направите со викање и со колнење, туку правите како што правевме ние комитите, со пушки, со камења, со дрвја и со сѐ што ќе ви се здаде мавајте по нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ќе ми го расплачете детулево, а тоа, кутрото, постојано ме прашува за мајка си.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)