Од торбата го извади букленцето, го растресе. Празно е.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И запамти! - таа пак го фати за брада, го растресе, стрвнички му се загледа во малите гурелави свински очи, му се закани со прстот од слободната рака, мавтајќи му пред нос: - Да запамтиш еднаш за секогаш!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Длабока воздишка го надви тропањето на лончето на решото и шумот на дождот во прозорците...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во главата на човекот остана само една мисла; неговото јако тело го растресе само едно каење: чајот не е вода, ни вино, чај никој сам не пие - чајот е нежност, загриженост, љубов...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Малку разонода не би му пречела, би можела дури и да го растресе од бизонските патеки по кои се движи низ Скопје.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Мартин Лутер Кинг и Роберт Кенеди беа убиени, а студентите од Колумбија го преземаа студентскиот град и се тепаа со полицијата, клинците од Националната Демократска Конвенција потполно го растресоа Чикаго, а и јас бев ранет.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Еден ден Скрче се налути, го фати за врат и го растресе: „Кажи каде е Девица, идиоте!“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Мене телото ми го растресе немир. Каков карактер сум јас, со оглед на црните луѓе, се запрашав.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ако се освести ќе разбере: оној што му скокна беше Сандре, по муцката го растресе чичко Лозан, а ние со Колета ја зграбивме пушката што остана фрлена и патем се сменувавме, носејќи ја де еден де друг.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)