Ќе ве излупам од господ, ќе ве истружам како загорено тесто од тенџере и дното ќе го светнам со жица.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Немаше ден огледалото да не го светне со парче од кадифе.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Чистиот воздух за кратко време успеа да ме опие и ко со волшебна рака да ми го светне омацуреното лице.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Извади камен од кесата што му беше обесена за ременот од пантолоните и му го светна на Мечка во салиштето околу стомакот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)