Оваа состојба почнува ненајавено и ненадејно во вид на восхитеност, блаженство и екстаза од животот на обичните луѓе, преплавено со блесоци на убавина, љубов, духовно - сексуално искуство, совршенство, стравопочитување, естетско или креативно чудење, увид или визионерско доживување, како што во своето творештво го соопштува, да кажеме, Вилијам Блејк (William Blake).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тогај кога зборува за својата Македонија, Никола Кирков го соопштува настанот низ една суптилна критичка нота а со цел да не затапи рефлексот и општествениот коректив онде каде што се покажува како неопходно одмавнувањето на грешката, каде што се покажува како неопходно отколонувањето на причините кои можат да доведат до мултиплицирање на проблемот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Луѓето сѐ уште велат „ние не комуницираме“ и се плашам дека се во право - она што тие го соопштуваат (communicate) кога велат „ние не комуницираме“ воопшто ништо не соопштува бидејќи, како што Вацлавик (Watzlawick, Beavin, and Jackson, 1967) вели, „не е можно да не се комуницира“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Музиката во поезијата Зошто би се компонирала музиката, доколку она што го соопштува нотата може да го соопшти зборот?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Сега кога ова ви го соопштувам, мртвиот тој и мртвиот јас во еден мртов агол па небото, молкум спориме дали зборовите или самољубието беа причина за нашата смрт која нѐ засолни во овој мртов агол.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тоа му го соопштува на другарчето од клупата.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Од друга страна, нагласив, од него ќе го очекувам и понатаму токму тоа: да ми го соопштува се она што ќе го слушне па и тогаш кога се во прашање не само нашите подредени туку и оние другине.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Објаснувањето дека информацијата случајно ти се истресла мене воопшто не ме изненадува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира, не му реков дека за мене и не е битно ваквите податоци колку држат вода, и дека неговите информации стануваат интересни само во случаевите кога ќе дотечат од повеќе извори, или кога ќе откријам дека во таквите приказни е содржан и некој туѓ интерес или настан спротивен на нашите интереси.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Значи можеш да му речеш доброутро на новиот ден - вели Денков без да го поткрене погледот од листот што изгледа неколкупати го има прочитано.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Овде е наведено дека си отпуштен на денешен ден. Еден часот и триесет и пет минути. Дваест седми август.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ја зема хартијката од масата и ми ја подава. -А овде, потпишете се.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Иване - како да чита, ми го соопштува директорот текстот што е содржан во документот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Уметноста“ е убава но лажна, и на крајот на краиштата тоа ни го соопштува поимот „изглед“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Дома, во замолк, тој си признава, но само себе: така, може! И пак: Ликот на Јомтов Јакоел правниот советник на Еврејската општина гледа од црно-бела слика.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кога претпазливо му го соопштуваат нивниот проглас, тој силно се спротивставува.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Прегратката на маж во која без да сакаш ќе налеташ е нешто сосема друго се трудеше да ми објасни Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И ова ми го соопштуваш на ист начин како на пример она твое влегување во НАМА за да пробаш здолниште, приговарав, и тоа сосема оправдано.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кога брат ми на светот му го соопштувал ова свое сфаќање како апсолутна вистина, не се сетил на мојата болка од она попладне кога тој имаше тринаесет, а јас седум години, онаа болка и оној страв предизвикани од погледот на разликите на нашите тела, од помислата на раснењето и делењето со детството, од претчувството дека мојот живот и неговиот живот нема да продолжат заедно и ќе чекорат одвоено кон смртта; го заборавил тоа попладне и тагата и стравот што потекнаа од него и што како сенка паѓаа врз мене претворајќи се во некоја друга тага, во некој друг страв, влевајќи се во некои други таги и стравови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Заборави; и на раснењето на сите девојчиња, на процесот што го нарекуваше „станување жена“, му додели само едно својство – зависта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)