„Него“, ми вели, „тој Сврделот го спастри горе на патот, под Горска стена“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Немам ништо ни со брат ви кој ако не го спастрите ќе заврши в затвор.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Овчар бил. Еден ден, кога му дошол редот, другарите ги скорнале овците, а тој останал на бачило да го премести трлото, да ги измие каците, да ги испере цедилата и да стори сѐ што требало за да можат вечерата, кога ќе ги измолзат овците, да го спастрат млекото.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)