Попот, бидејќи секој ден имаше работа со господ и знаеше колку е голем овој, се најде поласкан од Јована што го спореди со него и реши да му помогне на својот стар пријател, Иако за овие три години се „посрби“, за која постапка и го намрази.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но ако го споредиме српскиот шовинизам со бугарскиот национален индиферентизам и ги разгледаме од македонско, па и од општочовечко гледиште, тогаш ќе треба да признаеме дека српскиот шовинизам, како резултат на основно изучените народни интереси, стои многу повисоко, и многу погоре од бугарскиот национален индиферентизам, којшто е резултат на отсуство на секакво разбирање на бугарските државни интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во тој поглед Пикасо пред сѐ можеме да го споредиме со Арчимболди!
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Сексот беше катастрофа. Би можела да го споредам со кучешки.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Го споредивме со футролата, беше повеќе од очигледно дека се со истоветна изработка.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Никако не може да го спореди Жан Валжан со Рифат крадецот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Веројатно не би погрешиле ако импровизирањето на фуга во шест гласа го споредиме со шаховска симултанка со шеесет противника, под услов да се извојува победа во сите шеесет партии.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Новите telescreen технологии ќе создадат телекомуникациски врски за податоци, за да понудат пристап до информациските складишта односно до сајберсветот. И на кој начин можеме да го споредиме компјутерот со психоделиката?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
-Зошто се раѓаат лошите мисли, кога никој не го посакува за себе? – праша Еразмо. – За да има со што да го спореди доброто?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се исплаши, го скина и се упати накај дома да го спореди со она цвеќе од книгите.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)