9. Ами, грабнувањето на Јагна Машаловска, пред Водици, додека го сучеле конецот од куќата на ланскиот чувар на крстот, до куќата на новиот чувар на крстот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Добра ноќ! - си рекоа децата едно на друго и почнаа да го сучат својот убав, свилен детски сон.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Накриви си ја капата од нив оти и тие имаат куќи и фамилии имај се на умот, оти ене проедрото го сучи мустачот и одвај чека да му дојдат корофилаците за да ни ја крои капата.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И додека тој го сучи пагурчето и молчејќи претура низ главата, легачот поставен сред одајата, шумно плапоти.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ќе го сучат жените конецот и ќе поодуваат низ селото, сѐ така во одење ќе сучат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)