Од неговата полна уста излетуваат ситни парчиња месо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Грета: Не. Ова е мојот пријател Дики.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Одзади му приоѓа Бети и со дланка го удира по грб.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Среќко (Со дланка го удира по рамо): О, Дики!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Како можев така да мислам кога претседателот ене си седи во својата претседателска фотеља и си ги брка своите претседателски работи, а неговиот телохранител, Сатирот, стои пристојно облечен, со црни ракавици и со пендрек во десната рака што го удира врз дланката од левата рака.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Устето му е подадено напред, црвени рилчиња, едно торбе го удира по грбот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
За час се измешаа и, место предвидуваните пречканици, овие „диви луѓе" сред пустата гора почнаа да се прегрнуваат, бакнуваат, удираат по плеќи, да си стискаат рацете како вистински браќа, што и беа заправо.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Смрт или слобода, Толе. Тоа се бара од нас, — и почна да го удира по големите плеќи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Стојан, кој го удираше постојано железото за пајдос, сега беше избеган некаде долу меѓу купиштата тули.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во мигот кога невестата ќе го пречекори долниот бабар, гатачот го удира со стап и извикува: „Виде јајце в камара, ти се стори пладнина“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
По цели денови Филозофот минуваше качен на карпата, на папокот на светот, препишувајќи го чудното сочинение на книга, со калем; неколкупати сонцето го удираше во главата и тој се занишуваше, и сите мислевме дека ќе падне и ќе се здроби.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога, сеќава, нешто мрда во торбата, го удира по грбот. - Што ѓавол е сега ова?
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Сега пак од невестата да ни даваш. (Играјќи со него го удира по рамото).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
ДЕПА: (преку другите се пушта и го удира по рамото).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Мрмореше како да ги меле неповрзаните зборови: зошто го удирам, тој може да му каже на Баждара.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Меѓу нив е и Мишко, пристојно облечен, со куфер во рацете.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Саздо уште еднаш го удира по рамо својот пријател, се исправа и се упатува кон групата луѓе пред локомотивата.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Штом ќе си го поставите тоа прашање, не треба премногу да размислувате.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Разликите се преломни, а нивните последици се видливи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Приказна за татко што го исфрла сина си на улица или се откажува од него или за татко што сплеткари против сина си или му ја планира смртта; настан во кој син го удира татка си; приказна за син што се обидува да го убие татка си: самото спомнување на вакви сценарија е доволно да потсети на познатите сижеа од европската книжевност и култура – а да не зборуваме за фројдовската психоанализа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како да сакал да го развлече разговорот во исчекување дека можеби ќе дојдат селаните и ќе ги подберат жените пред себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гореше човек и врескаше, паѓаше и стануваше. И пак трчаше кон ветерот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стоел зад попот и кришум го удирал со тупаница по слабини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По гласот погодија кој е. Почнаа да се стрчнуваат кон него, да го удираат со веленца и со шубари, да го тркалаат. Од него летаа светулки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
ЛУКОВ: (Се наведнува и го влече кон собата, по пат го удира со нозете онесвестениот Фезлиев.) Нема да се спасиш.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: (Го удира Фезлиев со дршката од својот револвер.) Свињо пијана. Методи - каде е?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: (Го удира силно, но од радост, Методи по рамениците. Потоа го прегрнува.) Чудесно.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: (Го удира Фезлиев уште еднаш по главата.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Јурнува надолу по скалите. Го удираат в тил пронизливи пискотници на истанчен женски глас.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тресок. И светлосен млаз го удира во очите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Му го истргна од раце големиот сребрен крст и почна со него да го удира, удира по глава, сѐ додека не му ја расцепи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Притоа викаше: Бугараш! Комита! Со бугарашка пропаганда го труеш народот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Само со врвот на прстот по грб го удира висок келнер.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Некој го удира со камен или со клоца и кучето со квичење бега под куќа. 194
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас станувам, го удирам по плеќите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И ќе слушам како јазот го удира челото, како ги чеша слабините, плиска.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Таа го удира со босите петици да оди што побргу, бидејќи од умора или тера инает, одвреме навреме подзастанува; ја крева главата и силно се издишува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Го удираше сѐ додека Богдан не ги почувствува ударите на своите слабини: гледа пред него нема никаков коњ, а всушност тој е коњот: на него е качена Аниса и го удира со петиците и го сили да трча.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Магаре едно, мрзливец, за ништо неспособен, што, што си направил, бадијала го јадеш лебот, бездарник, - со најнавредливи зборови го удираше секој час, просто го газеше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ни се чинеше оти со секое завеслување Гури Порадеци го удира по главата езерскиот змеј за да го оддалечи од нас и за да не го преврти чунот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тешката актовка што ја носеше, го удираше на секој чекор по коленото, испраќајќи морници надолу и нагоре по кожата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Чекореше со напор. Парчето стакло во џебот го удираше по бутината при секој чекор и беше речиси решен да го извади и да го фрли.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Потоа одам кај коњот и го удирам со ракава на истото место на левата сапа, и тоа веќе се познава, печат од мојата десна дланка на сапата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Селаните не ги оставаше да се собираат во црквата како што тоа почесто го правеа и да го удираат ѕвонарот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Одеше во камбанаријата, тргаше на јажето и го удираше ѕвонарот; кога ќе се измореше тој, го заменуваше отец Иларион, па отец Серафим, па се редеа другите калуѓери.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Полковникот бесно започна да го удира со клоци, со раце, а Наќо офкаше, викаше, неможејќи да се заштити.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тркалата го удираат, гризат, плукаат неподвижното тело на Џ.С. ја отфрла маската со трњето и струпките: - Жена сум што бара искреност и нежност - мазно-Дојдете, пријатели мои.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Командантот скокна, пламна и извика: - Швајн!*** - му се приближи на Трајчета и почна душмански да го удира по лицето.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кревкиот стеблак му висеше над главата, потресувајќи се на секој чекор - како секира да го удираше по младата кора.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Малиот го удира по уста.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Игнорираш? Го удира. Ако, игнорирај!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Курта го удира во стомак.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Низ скршениот прозорец повторно влегува микрофон.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
КУРТА;Не му е лесно.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Затоа имела не го удира. И во најлошото.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А дека некој таму, од едната или другата страна, откако обеси пушка на трн и најде топла постела под покрив, каде што не го удира виулица и не го бие дожд и отстрана се топори и сее зло, треба и нему да му го најдеме местото меѓу нас.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Го зема шишето. Го удира силно Свето по глава.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Го удира Кирил по глава. Паѓа мртов.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Анѓеле силно го удира Аце со хеблата меѓу нозе.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Жена му исплашена скокна од спиење и почна да го удира по лицето, да го тресе мачејќи се да го разбуди.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Со него го удираа дивјакот, а овој, откако ќе крикнеше од болка, почнуваше да ја пее омилената песна на тој што го удрил; и тоа со милозвучен човечки глас!
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
(Го удира по глава) Не ми дадоа сол. (Го фаќа под стомакот) Мој си. Цврсто те држам. Јас ти стварам ерекција.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
АНГЕЛЕ: Со глушец што го води орото кога ги нема мачките. (Киро го удира Ангеле силно во стомак. Ангеле се превиткува.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Како да заседава судот со обичен чекан? (Го удира од маса. Отпива вода.) А и водава не е истечена.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
(Ја удира количката со Димитрија од ѕид. Скока Андреја. Го удира Стево. Притрчува Вера. Ги двои.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
МАТЕЈ: Дедо! (Пауза) Дедо! (Замавнува да го удри. Борис избегнува, го удира Матеј во стомак. Матеј се руши. Борис седнува врз него. Го фаќа за врат.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
(Го удира Михајло. Почнува да го тепа. Ангеле ги раздвојува.) Бегај ти. Не мешај се.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
После одеднаш ја обваќа бес, трча кај Пијаниот, ја вади пантовката и го удира по глава). На ти, на ... пцето пијано ...
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Иследникот стана, му пријде одзади, го фати за глава и со сета сила почна да му го удира лицето од масата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тгнаа луѓето да си го гледаат добитокот и полето и за да изгледа уште помирно одошто беше, заради валијата, селаните решиа Петре Даскалот што почесто да го удира манасирското клепало и да нè собира нас учениците на учење. 16.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
И јас нејзе ѝ дадов сметко-потврди божем од банката каде што тие ги упатувале дневниот пазар за секој ден во месецот и ги вртам датумите на печатот, го удирам за секој ден.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тој е диригент кому му е потребно често да го удира камертонот од нешто и повторно да го наслушне, да го фати тонскиот тек со кој концертот ќе продолжи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Со едната рака ќе го удира, а со другата ќе му ја затвора устата за да не му се слуша плачењето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Палто нивно да најдам, палтото ќе им го удирам, загината капа нивна да најдам, капата ќе им ја клоцам, ќе им ја газам...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Чекај, да си ја допеам песната, сум велела и сум го удирала.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како померена, подизлезена од умот. ,А бре, Македонче, каде се спремаш", јас не знам што било што сум велела, ,нека разберат клетите фашисти", сум се мачела да пеам и само да му се истргувам на Алекса, само да го удирам по глава.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Клоцам и го удирам по нозете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас подрипнувам и го удирам дедо со главата в ребра. Го шибам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога, сеќава, нешто мрда во торбата, го удира по грбот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)