Во своите дела: “The Philosophy of Andy Warhol” (1975), “Andy Warhol’s Exposures” (1979), и “POPism” (1980), Ворхол во голема мера кажува за себе, но на еден монотон, наизглед плашлив начин со кој си поигрува со нештата и кој стана негов заштитен знак - додека неговиот конверзациски стил се базира на општествениот репертоар од доцните години на дваесеттиот век.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој непопустливо одбива својата уметност да ја гледа како средство за себе - откровение.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Секогаш знаеме што го фасцинира, но никогаш со сигурност не може ме да кажеме зошто.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Целата фраза, значи, е како три пати по три, број и збир кој го фасцинира Дишан и според него, со ова се искажува бесконечност - еден претставува целина, два претставува пар, а три е “земен како рефрен кој трае” (бројот е математичко траење).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Она што го фасцинирало Flusser да ги запише тие екстремни тврдења (изедначувањето на научниците со компјутерските уметници), е токму способноста на компјутерот како еминентно виртуелна машина, да не ги пресметува и обработува нештата само на ниво на броеви, туку уште повеќе, броевите да ги синтетизира во облици.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Човекот којшто сега пред него ги погребуваше своите идеали, и за кои што очигледно уште беше подготвен да се бори, едноставно го фасцинира со неговите погледи и идеи.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ваквата буквалност го сведува овој кинематографски момент на прост одраз на геј-идентитетот, а не средство за геј-идентификација и израз на геј-желбата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исто како што, во случајот со бродвејскиот мјузикл, нема да ја оствариш геј-желбата ако на сцената ставиш геј-мажи и прикази на машкиот геј-живот, така и во овој случај тешко дека ќе ја одгатнеш тајната зошто Милдред Пирс и Џоан Крафорд им се привлечни на геј-мажите ако ги толкуваш како дублерки на геј-маж.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Оваа буквализирачка склоност се повторува во објаснувањата што ја нагласуваат мажественоста на Џоан Крафорд – само види ги тие потполнки! – или што ги третираат неа и Феј Данавеј во Најмила мамичке како дрег-кралици, небаре е доволно само со такви размисли да се објасни зошто таа го фасцинира машкиот геј-свет.296 Сигурно, никому не може да му избегаат бучовските театралности во изведбата на Џоан Крафорд во Џони Гитарата, ниту има такви што ќе одречат дека Најмила мамичке почива врз зловесните задоволства на женското подражавање (макар и да било тоа само подражавањето на Џоан Крафорд од Феј Данавеј).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Никого, чувствува, повеќе не може да задоволи и да го фасцинира: ниту Германците, ниту своето верско стадо кое сѐ уште не ја изгуби верата во Бога, но наполно ја изгуби верата во својот главен рабин.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Гетото има практична локација: поставено близу до железничката станица, ги брои сѐ помасовните транспорти со мажи, старци, деца, девојки, трудни жени, млади брачни парови земени неодамна во една, во тие околности неочекувана и чудна епидемија на свадби што се случуваат и по сто на ден, но и на болни, исцрпени, предсмртни и млади, здрави, полни со живот, очајни луѓе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се прашуваше зошто во Кина козата се доведува во врска со громот, го фасцинираа врските помеѓу козите и божествата, го восхити митскиот податок дека козите, заиграни околу чадот, го откриле пророчиштето во Делфи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Круг, кој го фасцинира човекот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)