Ова „поминување“ го шибна Ѓорѓе како камшик.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Врелината на коњската крв прегреана од вино го шибнала со камшик му ја вратила свеста.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но штом луѓето ќе го здогледаа Дрвото- на - сознанието, некој уште постуден молк ќе им го шибнеше сонот како со ладен камшик, та тие во сонот се занишуваа, се разбуричкуваа и се повлекуваа уште подлабоко од најдлабокото делче во себе.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Нешто го
шибна грозно преку плеќи, така што тој падна на коленици и ја испушти книгата од рака.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тоше, којшто, исто така како Толета, располагаше со добра физичка сила, се заврте да го види Толета и намисли да преземе некоја одбрана, но Толе го шибна со кундакот и тој тргна по другите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)