Го жулкаа, го милуваа, му викаа Шарик, а тоа познавајќи си го името и нивниот мирис, потскокнуваше радосно, се припиваше до нив, но човекот го тргаше со ремникот кон себе.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кажете го името на кој и да е друг филозоф што го задолжи човештвото?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Фалејќи нѐ и благонаклоно повторувајќи го името наше, ти им го пикна во окото на нашите непријатели како спица, која сега ги боцка и ги јаде, па пред себе гледаат само крв, а во срцата свои носат само гнев кон нас...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Откако се разделив со Варнава, та земајќи го при себе Сила, стигнав во Листра преку Дерба, славејќи го името Божје.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Таму го затекнавме Тимотеј, чесниот верник и следбеник на Исуса, кој, откако се обрежа, го зедов при себе, та заедно учејќи ги верните христијани на она што бевме го договориле со другите апостоли и старешини во Ерусалим, продолживме низ Фригија и Галатија, славејќи го името Божје и јакнејќи ја црквата Негова на земјата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Еве што му рече на логотетот бедниот Лествичник: „Пресветол господару; кога ме казни за видението лажно и кога ме унижи одземајќи ми го името почесно, во душата ниту грам гнев не почувствував.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Изговори ѝ го името! - рече Бојан.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Не валкај му го името на мртвиот брат, му се фрлив тогаш јас.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Држ си се како што се држи целиот народ. Држи си го името Македонец како што си го држи и целиот народ.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Како да не го прифатам гласот од мојата ноќ кога тој глас не ми се беше само присторил туку беше навистина сето мое помнење и сите мои исчекувања.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Оттогаш ги шепотам заедно и тоа Ведран и она другоно Иван.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не заборавај ми го името, порачуваше!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Татко му до својот брат во Грција стигна заобиколно, преку Америка, ставајќи го името и моминското презиме на мајка му на пликото.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Што стори, Штрку еден гаден! - му списка Величе, од возбуда грешавајќи му го името.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- И не спомнувај му го името, ако не ти треба, ако не сакаш да го видиш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)