го (зам.) - крај (имн.)

И сега ете го крајот од неговата биографија, во Света Гора.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еве го крајот... - рече и со очите покажа на трупот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Комесарот се засркна, силно се искашла и скоро со зарипнат глас рече: - Еве го крајот на заклетвата што никогаш не смеете да ја заборавите: - дека мој идеал е слободна и демократска Грција, напредокот и среќата на мојот народ и во служба на овој идеал го ставам оружјето и мојот живот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така, тоа чувство дека еве го крајот, тој е тука, сосема близу е, само привид е за неупатените, ние занемените пред можностите што ни ги испишува поетот на својата „табула раза“ што си ја држи скришно пред секое ново вгледување во неа, врз неа за ново испишување.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Госпоѓа Камилска, насетувајќи го крајот на расправата, го покани Татко на ручек.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Доколку имате барање за конкретен наслов, можете веднаш да ми го кажете рече Армен Самуелиан најавувајќи го крајот на разговорот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Боб: Ако ситуацијата, како што рече Скот, треба да биде свечена, причекајте го крајот за погубување.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Спушти ја завесата прв чинот на својата комедија и стрпливо чекај го крајот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Подоцна, пак ги сетив сите симптоми, како од учебник по кардиологија, и се счучулив, чекајќи го крајот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Еден по друг, и ете то го крајот. Го закопале и последниот свирец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
САРА: Каков сте вие тоа поет кој не ги носи песните со себе. Добро, кажете го крајот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А наоколу мириса на цутови ...  Гита Корец секогаш на ова место ги отвора очите во спалната соба од архирабинската резиденција во Солун, оставајќи го носталгичниот сон недосонуван.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Вчера вечер со појавата на првите ѕвезди заврши Шабат, а сега на претпладневното сонце се огласува камбанаријата со весели звуци означувајќи го крајот на неделната миса.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)