Кон тебе викам зашто Ти ќе ме чуеш, Боже; приклони го увото Свое кон мене и чуј ги зборовите мои...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Циљка стишува глас, за миг прекинува, па вели: 105 - Ете, така се крстеше дедо и се молеше со овие зборови: - Господи - со тивок, скоро потулен глас изговара Циљка секој збор - кон Тебе викам, зашто Ти ќе ме чуеш, Боже; приклони го увото Свое кон мене и чуј ги зборовите мои.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Сега, рече и самиот Арсо пуштајќи го увото на преплашениот Цане.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ако некогаш патот ве нанесе на местото кај што вишнеел храмот - Кула, допрете го увото до земјата за да ги чуете болните и покајни гласови на фрлените во длапката, за да ве намовнат нивните пискоти, молитви и риданија, нивните подземни страданија и окајанија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сакаше да чуе, но не чу; клекна со трепет во вилиците, набожно се згрчи стискајќи го увото врз градите на убиениот. Го чу само своето дишење.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Србин, онаков сув и висок, стоеше како светец, а Шишман се преместуваше од едната нога на другата постојано подметнувајќи го увото пред Србина како да чека овој нешто да му каже во доверба.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)