Штом ќе стигнеше дома, тој истиот миг седнуваше крај масата, набрзина ќе си ја исркаше чорбата од расол и ќе го изедеше парчето говедско со кромид, воопшто не забележувајќи го нивниот вкус, го јадеше сето тоа сосе мувите и сосe сето она што ќе му го пратеше Господ за тој ден.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Македонецот успева во тоа, замислете, без при тоа збиените камења да ги повреди, успева дури и да им угоди, ненарушувајки го нивниот комодитет, при тоа свое пробивање цело време се грижи за тоа: На другиот да му биде добро!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Гледајќи го нивниот лет, слушајќи ги нивните песни, ние се чувствуваме убаво.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Навлези подлабоко во тајните на боите: секогаш доотворај им ја нивната скриена моќ, доразви го и дообогати го нивниот јазик, фати ја нивната магија, нивното волшепство...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога веќе козите мораа да умрат, Чанга сакаше барем, следејќи го нивниот инстинкт да им избере достојна смрт, во темнина...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)