Во својата расправа Светот на видеото и фракталниот субјект Jean Baudrillard ја дефинираше виртуелноста како она, кое ‘не е ниту реално нити иреално, не е иманентно ниту пак трансцедентно, ниту внатрешно ниту надворешно’, бидејќи им бега на сите одредби.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
За разлика од нив тој ги исклучува од уметничкото уживање сетилата какви што се, мирисот, вкусот и допирот, бидејќи „тие сетила се во врска со материјалноста како таква и со нејзините непосредни сетилни квалитети; мирисот со материјалното испарување низ воздухот, вкусот со материјалното распаѓање на предметите, и допирот со топлото, ладното, мазното и т.н.”
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Овие сетила не се адекватни за прием на уметноста, бидејќи во смисла на Hegel-овата естетска теорија, уметничките предмети се релативно самостојни, што значи дека им бегаат на сетилните односи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Погледот заскитан некаде, како да го гледа слободарскиот дух над Македонија, ја гледа слободата пред себе во нејзиното свилено руво,исправена како им се доближува...па потоа пак им бега, како свилена сенка од облакот на слободата која ке се зададеше за миг, за потоа пак да се скрие...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Но, практиката не се препишува така лесно, затоа што многу од предусловите беа различни од веќе видените така што рамката не беше соодветна, па проблемот на општеството им бегаше изместувајќи ги својте рабови под рамката а таа никако да клапне, да го опфати во целост.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Војниците најпрвин со влечење или со туркање ќе го истргаа бикот од шталата кој се опираше со нозете, како да знаеше дека оди на колење, и откако со мака ќе го довлечкаа до дрвото, ќе го врзеа со водилото за стеблакот за да не им бега, а потоа со јаже ќе му ги изврзеа нозете за да не прета, ќе повлечеа на јажето и ќе го кутнеа на земја.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
На зајдисонце започнуваше руменилото да избива од него, како подземни вулкани, да се шири и да ја бојадисува пурпурно целата вода; птиците ги зафаќа немир, кричат и во јата трчаат по сонцето кое им бега зад планинските врвови; потпалено езерото, блескоти и фрла алови отсјаји в очи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Старите луѓе имаат потреба да кажат нешто што знаат поради чувството дека времето во кое некое искуство можат да го пренесат им бега.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Вешто им бегав на камионите по пат. Возеа споулавено и носеа земја за покривање гробови, се надеваа дека ќе ме легнат во влажна дупка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се напрегав и им бегав, секако морав прв да го видам здрав и насмеан Круме Арсов, да го допрам со прсти, да му раскажам дека сум го сонувал запален.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сега со мене лазеа и другите, од зјапнатите усти им висеа зелени јазици: со валчести грпки меѓу плешките, личеа на мали подвижни планини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Барајќи настани што биле без врска со нив, со нивната тогашност, им бегал на претчувствата. Од него говорела ракијата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Разговорот пак го започнал Чучук-Андреј со зборови што пукале од внатрешна созреаност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
За нас е изгубено, а за нив допрва претстои да им бега од рацете.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Понекогаш им се чинело дека нивниот дух или душа добиваат “гасовита” состојба и како им бега.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Една девојка, додека се обидува да заспие, го слуша ветерот, и ѝ се чини дека тој, а не нешто длабоко во неа, цвили, и помислува – “Колку тажно, колку болно цвили ветерот”, го слуша ветерот и останува глува за својот внатрешен цвилеж, не погледнува што е тоа што цвили во неа, затоа што некогаш таа вслушаност во сопственото цвилење болела како нешто да откорнуваат од неа, и затоа сега го слуша ветерот, слуша како ветерот цвили од болка. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но, има луѓе на кои нивното чувство или мисла им бега и се вселува во некој друг, во нешто друго; или можеби, некогаш одамна, научиле дека помалку ќе боли доколку дел од своето Јас, оној дел кој чувствува нешто, се префрли во нешто друго, наместо да остане во нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некои жени ме запираат, ме прашуваат нешто, ама јас не ги слушам. Им бегам. Се враќам да ги доспружам алиштата на драгот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе се вратам и, ќе ги подземам и пак им бегам напред, глава не покревам. Само гледам пред нозете, пред прстите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ако зинат да зборуваат или да се проѕеваат, вели, јазикот им бега и надвор им испаѓа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нејсе. Луѓето се согласија: сакаат да работат, оти им се јаде. Им се витка мевот, им бега папокот од нејадење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)