Кога едно од групата соѕвездија ( јатото на ѕвезди од млечниот пат) гледано од земјата имало крива линија, според обликот им заличело на кос мост (искривен мост) па според тоа име и го нарекле кос мост.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Меѓу кожите полковниците го забележаа Сујак, кој облечен во кожув и со шубара на главата, а лицето скриено во долгата брада, им заличи на ѕвер или човек од прикаските.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Монополот не се бојосуваше откако беше изѕидан, освен од миризбата или мувлата на тутуновиот лист; додека касарната војниците сами си ја варосуваа за да им заличи на домашно, како што знаеја и умееја, поправо како што и кога ќе им свикаа офицерите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)