И штотуку падна мракот Тренков, восхитувајќи се, почна да им обрнува внимание на другите војводи и четници: — Слушајте, слушајте! ридиштата одѕеваат нешто.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тие очи сега отидоа кај послужавникот и им обрнаа внимание на двете пржени јајца.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Бучеше нешто, како тапан некаде да бие без прекин, но од каде идеше, уште не можеше да се разбере, бидејќи воздухот уште беше исполнет со денешната врева.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Неколку момчиња и девојчиња ги видоа и им обрнаа внимание на постарите, а овие бргу го известија попот и ќефалијата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Млади парови – насмеани и гласовити, прегрнати во од си делат бакнежи и никој не им обрнува внимание и воопшто не им е гајле што и како мислат другите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во ќошот, под големата врамена слика на некогашниот фудбалски тим од Маказар (сега не постои) ги забележав Жабе и Џорџ, но не им обрнав внимание.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Френк ги забележуваше малите нешта, на кои неговиот брат, поради расеаноста, забораваше да им обрне внимание.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)