им (зам.) - пее (гл.)

Тогаш јато птици од неговиот род се собираат покрај затвореното пиле и дури колве тоа од отровот - јатото запејува како хор од древната македонска епоха.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Птиците не ѝ пеат на смртта туку на својата слобода и достоинството, и на честа на своите предци им пеат кои ги научиле на оваа горда песна и на сознанието дека во животот само смртта се мери со честа.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Да не изумуваме дека некогаш, точно низ овие предели во кои раснеле и исчезнувале потомства и потомства, Орфеј минувал тука и им пеел и на среќните и на несреќните.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Што ако не јазикот и кој ако не поезијата, барем до некаде, не ги обезличи страдањата.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Народот, тврдеа, народот е татковина, земјата, тврдеа, земјата е татковина, мртвите, тврдеа, мртвите се татковина а потоа сите заедно застануваа пред суровото сечило на животот и во тешки јамбови им пееја на потомствата: чии се гробиштата - негово е сè...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во истиот миг, тие почувствуваа рајска милина и блажина, небаре хор ангели да им пееја некаде од високо и ги целиваа нивните уши и души.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
4. Кога еднаш надвор од природата ќе бидам, јас никогаш В тело од природни нешта нема да се најдам Туку во облик кој златарите грчки го прават Од ковано злато и емајл златен За со нив сонливиот цар да го држат буден; Или на златна гранка ќе им пеам седнат На господата и дамите од Визант За она што минало, минува или доаѓа. (В.Б. Јејтс – „Едрење во Византија“)
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Имаше денови, вели, кога в црква им пеешe поп кој доаѓаше од Македонија, а сега се поретко им пее поп на грчки и понекогаш на албански.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Нурни ја главата во котле со ракија и ќе видиш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Килав во мозокот, прости ми господи. Затоа лежеше ноќе по празните вади и по сувите лозја и им пееше попски песни на црцорците.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Грк, Елин во мантија“, рече Никифор Ганевски. „Се налутил, запалил куќа.“ „Поп, значи, а? И улав.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Полета, акна на земја. Ете како стана килав, ако не си знаел.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Лесновчаните го благословиле зашто им пеел во црква на туѓ и неразбирлив јазик.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И на коњоштипите ќе им пееш. Не само попски. И дервишки.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И на секоја нива подзапираме: кршиме потки од врбите, од меѓите и ги запотнуваме, им пееме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бендот започна со свирката. За чудо, им пееше девојче, кое не се разликуваше многу од нејзините другари од бендот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
— Та дотера дури до таму како и она ќе лула нејзини деца и ќе им пее приспивни песнички.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Одев да им светам вода. Да им ги крштевам децата. Да им пеам в црква.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во болницата одевме секој ден и на ранетите им пеевме песни и им рецитиравме стихотворби. Со „Македонската крвава свадба“ не стигнавме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Не да им пееме, туку да им плачеме.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Треба да им пееме, нели?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сѐ додека јас ебам не ми е гајле кој ги држи за рака и кој им пее под пенџер на тие кои ги ебам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Куршум или парче од граната го погоди и што мислиш дека имаме време да ги закопуваме и да им пееме химни?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Орница: свртана кон сонцето слуша Орфеј уште им пее на ѕвездите!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)