Од далеку Одисеј ги предупредува да не брзаат оти баш на гладните рацете најмногу им треперат и можат да си ги исечат прстите, како што му се случи лично нему пред извесно време.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Имаше такви луѓе во Гнездо: лежеа на креветите, а насмевка им трепереше на усните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Изгледаа како да се откинати од светот, како тукушто да ги пуштиле да минат низ портите на рајот, или како пак да ги вратиле во утробите на нивните мајки. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)