им (зам.) - удира (гл.)

А кога Турците прашаа: „нерде ди?“ тие ја покажуваа со глава и раце пространата планина со еден единствен збор: „балкана“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Страшно се лутеа офицерите и чаушите ако некој од селаните речеше: „јок“, на таквите им удираа стопати повеќе бој отколку на тие што велеа „вар“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие пак што немаа да платат, ниту пак имаше што да им се продаде „на телал", ги тераа гавазот и заптиите, што му ги ставаше на расположение витолишкиот мудур, со авалеџијата од село на село и им удираа секој ден по дваесет и пет стапови по голо месо дури можеа да мрдаат, да одат со нив, а откако ќе им ги искршеа ребрата, ги оставаа да преболат кај некој роднина или пријател, со строга наредба да си одат дома, да работат, да печалат и, на есен, кога ќе дојде авалеџијата, да платат на царот, ако не сакаат пак да јадат двојни ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Не престануваш да им удираш печат на луѓето“ , пламна првата кртост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Една постара професорка со дебели наочари, какви што ги замислуваме оние од „старата школа“, кои на почетокот од кариерата на немирните им удирала заушки и ги потчукнувала со врбов стап, сега молежливо гледаше во професорот до неа, нервозно врткајќи се на столчето.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Милан ги набљудуваше силните чекори на птиците како ритмички танцуваат, како крилјата им удираат, како перјето околу вратот и опашката им се растресуваат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Што се однесува до мојата тема театарот, деновиве во дневниот печат прочитав како еден актер им удира врела шлаканица на други двајца чинители на театарскиот чин во нашава Македонија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ги грабат и ги држат цврсто пред оние што дигнале глави како бикови во просо и им удираат датуми од атентати, поткупувања, финансиски афери, терористички акции и слики од Трансилванија со дворците на грофот Дракула.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но ако почнат луѓето од завист, од злоба, да боцкаат отстрана, да ги потпалуваат и ќерките и зетовите, да им удираат спонци и да им велат: зарем вие ништо не земате од татко ви: зарем да му оставите сè на Скрче да се шири и ужива...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Топлината засилено им удирала в ноздри.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никој не сакал прв да стане предавник и да се склопча во лушпата на сонот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На овој истиов поп и на кефалијата еден од чифчиите од Букри, им раскажа на Атпазар во Битола, дури ги држеше воловите од бегот што беа за продавање, како нивниот бег сите ги затвора ноќе во кошарите заедно со стоката, некои дури ги врзува за јасли со долга ортома за да можат да им турат сено на коњите и воловите; како наутро ги одврзува за на работа, им удира по десет грбачи да не зборуваат зашто се робови и им ги предава на ќаата кој по углед на бегот и по негова наредба, барем по три пати на ден им удира по десетина-дваесет грбачи; како за мали кривици ги врзува летно време по цел ден за некој дирек или дрво голи и намачкани со мед или маст, да се збираат мувите и осите на нив; како посега на честа на секоја млада жена и девојка што ќе му се допадне, а веќе првата ноќ по венчавањето младата невеста ќе ја преспие со бегот на кулата, тоа си е адет и закон.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)