Кога ја прашале каква награда ќа бара за соработката, таа смело одговорила дека за пари нема да работи, бидејки знае дека се става во услуга на едно свето дело, зашто ги „сакала Македонците што умирале за слободата за својата татковина“, а знаела мнозина од нив коишто привремено живееле во „Батемберг“ дека млади загинале за таа цел.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Семоќни волшебници со змиски очи се спогодиле да ги состават овие луѓе во мачната и тешка илјада деветстотини и дванаесетта година, во која не се знае колкав ќе е откупот на поразените ни колкава ќе е и каква награда за оние што ќе слават.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)