Не можеше да им поверува на своите очи какви сѐ стари изданија имаше татковата библиотека.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Таквите ограничувања на количините воздух какви сѐ последици ќе создадеа и каков колапс ќе се случеше?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Од балканската битка е истргнат настанов, време кога во 1912 година Србија, Бугарија и Грција, нешто пред тоа и Црна Гора, ѝ објавиле војна на Турција, а јавнатата Македонија ја бранеле од туѓо зло за свое, под команда на ефендија Али Риза: Вардарската армија на Зеки-паша, Струмичкиот корпус на Али Надир, Северноалбанската војска на Асан Риза, Јужно македонските чети на некојси Таксим, некакви други булуци на аскер и башибозук и богзнае какви сѐ уште регуларни и диви воини.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)