Околу нив, во широк круг, се чуварите на градот, кои внимаваат лудите да останат на купче; чуварите стојат со мошне раширени нозе за да бидат што пониски, и никому да не попречуваат во глетката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сите гледаат во лудите, а тие гледаат во насобраните на плоштадот, се гледаат и меѓусебе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мислам дека самиот приод кон храната, однесувањето кон секој нов касај; насмевката, сериозноста или загриженоста на поединецот кој внимава на секој свој но и на туѓите гестови, сите тие поединости преставуваа посебни приказни потчинети токму на тој одамна совладан механизам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)