Во еден од ќошевите, оној најоддалечениот, под високата црница, постојано гореше оган на кој во голем котел секогаш имаше жешка вода во која вриеја нашите алишта.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во ќошот до шпоретот на кој врие голем лонец стои една баба. 112 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Преку сликата оди натпис: 5. Септември 1979.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа е едноставна и душманска лута манџа. Измешани со црвена пипер се запржува брашно и кромид, потоа сето тоа се тура во вода која врие и во која има турено сол и масло и во која се додаваат суви пиперки, везени; кога сето тоа добро ќе проврие, вечерата е готова.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Оние пичкароши со моч направени, полноглавци со мозок од пивтија, од кои врие во Центарот, за тврд ќе речат витален, па уште и орган.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ракија, од пагури, мажите пиеја и пред и по вечера.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)