А авионите не престануваа со голема бучава ниско да летаат и да бијат со долги митралези рафалии и страшни беа грмежите на бомбите и ужасен беше пламенот што се издигнуваше над рамницата и ги снемуваше гласните викотници и лелеци на луѓето кои гинеа под бомбите и гореа во пламенот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Купена куќа, прошетка, роба, купено време со туѓа болка, не дава среќа, не вреди, вредност нема, а само празна слика копија на оној кој гинел, само отсјај во огледалото, одраз блед на сонцето во туѓ поглед кој многу чинел.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Несреќите нѐ присилија да се бориме и да си ја пречистуваме крвта. Ние го сторивме тоа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Но кој гине а кој останува?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)