О ен тис уранис — миска со орис. (На грчки молитвата: „Оче наш и свети боже“ која гласи: „агмос теос, агнос испирос, агнос атанатос, елепсан имас“) А на грчкото „свети боже“ и тој, како поп Илија го заврте во вистинска пцост: — О агиос телес, агиос говедос, агиос истурос; агиос анасенис аврадинис, к'скардашис ќорлеисан вас.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По потреба на авторитарната „цел” (под наводници, бидејќи целта подразбира некоја историска efficiency, а авторитаризмот е оксиморон кој гласи: биолошко владеење на смртта) можете да бидете ту антифашист, ту фашист, час интернационалист, час националист, час хуманист, час шовен и воен хушкач, час комунист, дури усташа или четник.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Оттука, кога се прави антологија на раскази врзани за еден град, на пример Скопје, неминовно како дилема се наметнува онаа голема тајна на литературата која гласи: „Каде престанува измисленото, а почнува стварното?“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
На пример, во 1994 година, Мекдијармид создаде компјутерски генериран ласерски печат на штица, кој сега се наоѓа во збирката на Националната галерија на Викторија во Мелбурн и кој слично упатува на Лезли Гор: на заднина со виножитни бои има текст во обратни виножитни бои кој гласи: „Мој е журот и ако сакам ќе умрам, срцка“169 (Спореди го насловот на филмот на Рандал Кејсер од 1996 за самоубиство поради сида „Мој е журот“.) Мекдијармид создаде и реплика на порнографско списание за ХИВ-позитивни геј-мажи, соодветник на Плејбој [Бонвиван], наречен Плејгбој [Бончумосан], наводно со написи насловени како Полумртов и изгор и Сексот и Т-клетката самец.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со носењето, пак, на новиот ЗРО (2005), старата глава која гласеше „Права на работниците и нивната положба“ несмасно беше расфрлана во повеќе нови глави, кои не секогаш беа поставени на вистинското место, 16 а во доменот на положбата на вработените и нивните права се предвидоа повеќе промени, во различни области, кои соодветно ќе ги разработиме.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
И народната поговорка која гласи: „Првин добро испечи, па потоа речи“ ни кажува дека треба да внимаваме што зборуваме, како зборуваме.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Странките и оштетениот ќе се известат секогаш, кога и на кое место ќе се испита сведокот, односно ќе се изврши увидот или реконструкцијата со задолжително присуство на странките на тие дејствија (чл. 390, ст.3 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
10. Во главата која носи наслов Кривични дела против општата сигурност на луѓето и имотот, постои казнена одредба со наслов „Предизвикување опасност при градежни работи“ која гласи: Одоворно лице кое при проектирање, раководење или изведување на некаква градба или градежни работи ќе постапи спротивно на прописите или на општопризнатите технички правила и со тоа предизвика опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери – ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Извршителот може да врши и други работи ако така е определено со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Бројот на извршителите за подрачјето на основниот суд го определува министерот за правда врз основа на претходно прибавено мислење од претседателот на основниот суд – за бројот на правосилните и извршните одлуки на 45 основниот суд, а од Владата на РМ – податок за конечните управни одлуки кои гласат на парични побарувања кои би можеле да бидат предмет на извршување, како и по прибавено мислење на Комората на извршители (чл. 31, ЗИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)