Овдека, во Лазарополска црква, во која Ѓурчин бил насликан како јава на коњ, се чувала Ѓурчиновата сабја (лекувала од уплав, им ги олеснувала тешкотиите на родилките и тешкотиите при умирањето на оние кои грешеле во животот) и книгата, во ракопис, што сам тој, Ѓурчин, ја напишал за себе и за својот живот, а во која ги споменувал и нив, жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ако почнеше да грми силно, а бидејќи баба ми нѐ учеше дека дедо Господ кара некого кој греши, јас никогаш, до голема, не се плашев од гром, зашто мислев дека ништо не сум згрешила.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)