кој (зам.) - дава (гл.)

Откако ги прочитав овие податоци, се загледав во сликите, кои даваа исечоци од она што можеше таа вечер да се види зад затворените врати на театарот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во куќата на Софрета. Селска соба која дава впечаток на богата куќа.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во 2005 беше избришана и диспозитивната одредба, која даваше можност, работодавецот да може на работникот да му исплати 42 испратнина и во поголем износ од законски утврдениот, како и онаа дека работникот, кој остварил право на испратнина, има право на паричен надомест и други права по основа на невработеност (чл. 141, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Од даренија на цареви и кралеви, српски, бугарски и византиски, што се менувале овде; од богати, ама и од обичните луѓе кои давале за помен, за душа, за гроб.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- А на кој глас ќе се пее? - Па, синко, на тој, кој дава пари.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тогаш Димитар Зојчев се насмеал, ја затворил тетратката, ја оставил на масата и станал: се прешетал низ канецларијата, потоа застанал пред Ристета, му ја ставил раката на рамо и му рекол: Во времето кô се ѕидаше црквата, во 1895 година, јас бев учител во Потковицата и го водев списокот на сите кои даваа пари за ѕидање на црквата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Местото било дувло на добро ситуирани госпоѓи, кои давале многу парички за добар млад пастуф кој може да им исполни разноразни желби.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А наместо поранешната диспозитивна одредба, која даваше можност материјален надомест за време на штрајкот да може да се оства- ри ако тоа е определено со колективен договор или со општ акт (чл. 13, ЗШ/91) – сега е предвидена само можноста организаторот на 38.  Но, во 2006 година, Уставниот суд, со својата петта одлука поврзана со ЗРО/05, го укина делот од оваа формулација кој е ставен во наводници (У. бр. 187/2005-0-1 од 10.V.2006).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)