Основната задача на мисијата била да ги координира акциите на силите на отпорот против непријателот.25 Покрај прибирањето на технички, воени известување за распоредот, силата и вооружувањето на оскините сили, членовите на мисијата имале задача “да стапат во врска, да осознаат и да известат за сите елементи во Југославија кои даваат отпор на непријателот, без разлика на националноста, на верските или политичките убедувања“.26 Основната задача на мисијата била да се поврзе со штабот на Дража Михајловиќ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Веќе во почетокот на 1944 година било сосема јасно дека НОВ и ПОЈ се фактор кој дава најголем отпор против силите на Оската и колаборационалистите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Се разбира, Варшава, која даде големи жртви во војната, е сета во споменици, железни спомен- плочи и слично, кои новите генрации го потстуваат за тоа дека овој град - маченик, страдалник и херој, некогаш физички уништен од Хитлерова Германија, успеал да се издигне од пепелта на уништувањето: поубав, полн со сите свои знаменитости од минатото, кои биле, кои и денес се украс на овој град.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Признавањето дека Жена е аршин кој дава мерка за сите жени може да се протолкува и како тврдење за полова разлика.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
[...] Бевме во можност да дадеме каузални објаснувања кои генерално се во согласност со наодите на Пијаже но кои даваат подобар увид во механизмите што стојат зад процесот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Според Rychlack (1991, стр. 28-29), „Kant предикатно докажува дека идеите се концептуализирачки или „конструктивни” процеси кои даваат смисла на неструктурираниот сетилен шум кој се добива од искуството”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
АРСО: Најлосле: кој дава, душа е права, а кој зема, тој зијан нема.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Во вашите тефтери сѐ излегува двојно и тројно.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Поарно да земам. Ќе одам, па што сака нека биде. (Поаѓа.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: Тоа бива за кој дава.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Токму такви се прашањата за кои дава одговори нашиот модел на културна поетика, барем на еден општ и хипотетички начин.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, веќе ги утврдивме трите услови чие содејство е и нужно и доволно за да се објасни општествената репродукција на машката геј-култура. (1) Дури и ако конвенционалните, хетеронормативни жанрови на дискурс се исто така и жанрови на чувствување и стилови на лично изразување; (2) ако главнотековните жанрови на дискурс, жанрови на чувствување и стилови на лично изразување се кодираат за родот и за сексуалноста според стандарната културна поетика – така што се интонираат со конкретни општествени вредности што различно се поврзуваат со конкретни обродени или сексуални улоги; и (3) ако таквите жанрови на дискурсот и стилови на чувствување или на изразување се обликувачки за одделните субјекти уште од раната возраст во животот – тогаш навистина е возможно во машката геј-култура да има нешто како примарна социјализација, доколку извесен дисидентски однос кон тие жанрови на дискурсот и на изразувањето претставува дисидентско обликување на родот и на сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да скратам, постои ли машки геј-еквивалент на процесот на примарна социјализација?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како се пренесува и како се стекнува геј-културата, не само во возрасната доба, туку и во детството?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Подоцна се запознав и со третиот брат, амбасадорот Фаик Диздаревиќ, кој беше амбасадор во Алжир, а подоцна и во Шпанија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И тројцата браќа ги одликуваше изразита мудрост, такт, луѓе на рамнотежа во југословенската федерација и дипломатија, кои дадоа несомнен удел во тие времиња.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не застанаа во одбрана на тие кои дадоа се.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Бидејќи буџетот не можеше да овозможи приватни тоалети и слични објекти, нив ги сместивме во простори кои даваат нужна приватност во смисла на местото и времето.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во последниве петнаесетина години се јави цела плејада нови и млади македонски преведувачи и писатели кои даваат значаен придонес во подобрувањето на преводната литература на македонски.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Или случајот на милитантните Христијани што се обидуваат да ги натераат буџетски финансираните училишта да подучуваат библиските теории за постанокот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За да ја илустрираме важноста на јазикот во културната солидарност, го наведуваме примерот на Иранскиот шиитски ајатолах кој дава 5 милиони долари награда за “главата” на авторот Салман Ружди, заради неколку табуизирани зборови во еден роман објавен во далечната Англија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)