Страв од чекорите на непознатото кои демнат на патеката покриена со жолто лисје.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Го чувствувам овој трепет на усните, овој страв да прозборам, а да не ја нарушам хармонијата на нашето измачувачко молчење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Листовите на фикусот поставен на балконот трепереа и од најслабо ветре, а сенките што играа на прозорецот секогаш личеа на човек, лош човек кој демне и чека погоден момент да ме грабне.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Кој демнее зад аголот, - ангелот или ѓаволот?
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
О, Господи, не е важна смислата празнина зад шепотот кој демне да избие Вертикалниот отвор е долг и тесен. Тој е мрачен. Нема да протестира.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Гледам волци и волчици, кои демнат.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)