И така од „слика” во „слика” влегувате во еден ист простор кој доживува морбидна трансформација, сѐ до онаа слика во која стојат расфрлани работите на Даниел.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Токму во тие години, ја почувствував величината на Татковата борба со сиџилите, во која доживуваше некаква победа која само тој ја разбираше, но, подоцна, го почувствував и поразот што му беше наложен од оние на кои токму откриените сиџили требаше да им ја осветлат историјата, да им го повратат загубеното минато.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Судбината на невидениот јунак чие присуство го чувствуваме во текот на целата сторија, за посетителот станува недвосмислено јасна: детето и целото негово семјество се брутално однесени од домот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Жестоко се противеле против модернизирањето на османската армија која доживувала постојано порази.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Најпосле Махмут II на 16 јуни 1808 година, по невиден масакр на јаничарите во Цариград ѝ ставил крај на оваа единствена воена формација на човештвото...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)