Мојата ѕвезда Со бакнеж кој доцни ги минувам твоите тесни патеки се пресретнуваме меѓу две воздишки: твојата во мене ми го заспива гревот а мојата плачот на ветрот во твојата коса.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Те стега мислата? Не мудрувај. Батали. Паметот е потстанар кој доцни со киријата.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)