Нови јаничари, без око да им трепне, беа воените пилоти, кои како да фрлаа играчки, со кастрирана совест, кои фрлија атомски бомби врз Нагасаки и Хирошима од кои загинаа само за неколку минути стотици илјади луѓе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Имаше и други европски интелектуалци кои по битката кај Сталинград во која загинаа осум милиони луѓе помеѓу фашизмот и комунизмот, со право се определија за комунизмот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Влегувавме во воените подморници, го посетивме меморијалниот центар Аризона каде се врежани имињата на илјадници американски војници кои загинале во нападот на Перл Харбор од Јапонците во декемри 1941 година.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
При уривањето на Банката случајно минувал еден пајтон со германскиот инженер Хекел, кој загинал.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Другарите кои загинаа го исполнија својот долг. Ние треба да го исполниме нашиот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Исхак-бег беше не само богат и прочуен градител на Скопје, туку и славен војсководец, кој загина негде во битките кај Варна.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Цел еден ѕид беше покриен со стотици фотографии на индијански момчиња - војници од Таксон кои загинаа во Виетнам - и покрај секоја фотографија се наоѓаше името на момчето и свеќа.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Еве ви ја главава - на, ако тој космест волк не нè демне од ридон.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се чекорело тетераво, никој не седел на двоколка, дури ни чкрботливиот Симон Наконтик - Господи севишен, повторувал, зошто не останав дома и не си го чекав на ониште судниот ден како што им доликува на причестените старци? - а Арсо Арнаутче, со секакви шамии врз окото преку кое минал турски јатаган, се потпирал со рака врз ѕидот на двоколката и само со една голема и засолзена црнка гледал во призрачноста на случките што останале на патот, најмногу во последниот настан во кој загинал од две стрелби пркосниот Борис Калпак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Борис Калпак ја донесе долгата пушка од која загинаа Јане Крстин и Пецо Дановски, Каменчо Скитник извади од дисаги кубура со сребрена дршка: се родил, истиот ден останал без мајка, го израснале на густо млеко од биволица; повеќето се плашеа од него кога ќе ја заборавеа неговата благородност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сепак ги влечеле колилата оставајќи зад себе меки лепешки и издржувајќи ги животинските патила; луѓето ги хранеле со силата на својата тврдоглавост и со безнадежноста на иднината од која не можела да прожугне ни дива чекутина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Најмногу сака да раскажува за партизаните, за брат му Оцка, кој загинал во Лавчанската Корија крај селото Лавци на Пелистер 1942 година со Таќи Даскалот и Елпида Караманди, оние за кои народот има испеано убава песна.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ретките дрвени крстови без име и презиме набрзина вкопани врз тие кои загинаа во нерамните битки на тригодишната крвава војна - изгнија, со земјата се израмнија поединечните и масовните гробови таму каде денес побрзо можеш да се сопнеш од расфрлените парчиња од бомби, гранати и куршуми, од испокршените надгробни плочи и крстови, од остатоците од темелите на нашите куќи.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Од барака до барака одат сенки, се собираат роднини и ги оплакуваат и ги редат зеднички оние кои загинале на боиштата на Грамос и на Вичо, во Епир и Тесалија и што умреле осакатени во болниците под туѓи поднебја...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Подоцна најдовме дека едниот се викаше Ване Доров Малков од костурското село Шештево, внук на комита кој загинал на Ножот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Гитарата ја наследи од нејзиниот брат кој загинал и ја оставил за спомен.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Таа не знаеше толку да свири на гитара колку што ѝ служеше за плачење.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)