А другите млади христијани, кои заминаа на војна на местото на погубените Турци, како што знаете, никој од нив не се врати.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од своја страна ГШ на НОВ и ПО на Македонија не поведе британска воена мисија бидејќи на територијата на Куманово-Врање-Црна Трава постоела посебна британска воена мисија Mulligatawny која заминала уште во есента на 1943 година од Дебарца со Шарпланинскиот партизански одред.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
На 24 март 1943 година од одделот за Југославија при СОЕ била испратена телеграма до управата за помошните служби во која се известувало за личностите кои заминале за Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во аналите на стариот париски хотел Monsieur le Prince било забележано дека во истата соба број 17 престојувал гостин кој заминал, со купови книги, додуша во помал број отколку 15 години подоцна, но овој гостин, бидејќи се работело за книги, бил толериран до крајот на престојот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но јас како да бев пред сите кои заминаа од Македонија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Поради предавство го раскинал сојузот со Кантакузин кој заминал кај Османлиите.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Ќе се одржи предавање за граѓанската војна во Шпанија во која заминаја многу наши луѓе – и македонци и југословени и за кои не се знај дали се живи.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Со истиот брз воз со кој заминаа тие.. Меѓународниот експресен воз.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Со моите мали и речиси никакви познавања на патиштата по кои замина за да се загуби а можеби и да исчезне засекогаш човекот што толку го засакав, на што ли ќе му заличеше тој човек за кого ќе тврдев дека му е татко?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Најмногу ме мачи сознанието, дека еве и сега, од оваа раздалеченост не сум сигурна каква требаше да биде и што да содржи приказната што требало да му ја раскажам?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ренди си отиде со мајка му, која замина веднаш штом заврши натпреварот, застанувајќи само за да му каже на Дејв да оди дома и да си ја исчисти ногата.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тргни и ти И оној глас одврзан од ѕвездите кој замина удолу (а ти веруваше дека е твојот) следи го па и тогаш кога ќе се разместат ѕидовите на сеќавањето
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Беше 1938 година, а три години пред тоа моите сестри Паулина и Марие го напуштија Берлин, и дојдоа да живеат во домот од кој заминаа кога се омажија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ко суштество кое се бори со последни сили во кошмар со акварелен спектар на човечкиот ум, кој заминува во вечност...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
„Знам многумина кои заминаа по патот што не го избраа самите, па сепак не ги изеде несреќата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Погледна уште еднаш кон реката низ која заминаа јагулите на големиот пат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во главата му се вртеше филмот за Цветана Горски и за неговиот пријател, со сомнително минато, белогвардеецот Игор Лозински, којзнае како дојден во градот, па дружењето со албанскиот емигрант адвокат кој замина во Скопје со семејството?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Набљудувајќи ги овие патнички кои заминуваат од Езерото на пат кон Атлантикот преку Медитеранот, Таткото е обземен од мислата „за милионите луѓе обземени од сонот да заминат кон новите брегови на спасот”, најден во виорот на војната, потоа во нејзиниот крај со нови граници, кога емиграцијата ќе биде невозможна.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Иља Иљф, Јевгениј Петров - најпознат тандем во историјата на литературата воопшто, единствено перо на двајца автори, творци на “Дванаесет столици”, руски пикарски роман (од каде е извлечена една глава во нашиот избор), со главен лик Остап Бендер - заедничка именка за сите луѓе од определен ков, кои се занимаваат со потера по своето дванаесетто столче. А такви, барем денес, има колку сакаш. okno.mk 209
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Михаил Зошченко - човек кој во 1917 година имаше дваесет години, кој замина да се бори за Советската власт, ги опиша луѓето од истата таа власт во својата „Сина книга“ (мал извадок од неа токму презентираме во нашиот избор) - за подоцна советската власт да му се одмазди на веќе познатиот начин, со затварање, прогонство и смрт.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Па после ќе се џарат што се прави на патот: кој поминал кој заминал.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)