кој (зам.) - заминува (гл.)

Карактеристично за печалбарството од овој период било тоа што сите оние кои заминувале како печалбари привремено го напуштале домот со цел да заработат пари и по одредено време да се вратат во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Првиот бран помасовни иселенички движења од територијата на Македонија настапиле по Карпошовото востание (1689) и по Илинденското востание (1903).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ја отворив портата позната, ги собув патиките, си отворив едно ладно, скопско, фридижирано пиво, се истегнав на фотелјата, го вклучив телевизорот, потегнав една добра, долга, рамнодушна голтка и ждригнав во моментот кога на екранот Боги запали цигара, вртејќи му го грбот на авионот кој заминуваше некаде далеку, многу далеку.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Меѓутоа, генерацијата југословенски амбасадори која заминуваше во 80-те години на минатиот век на највисоките дипломатски мисии и на која припаѓав со своите четириесетина години, заминуваше кога сите идеали врз кои почиваше федерацијата, со исчезнувањето на нејзиниот творец Јосип Броз Тито, тивко се губеа, остануваше само по некоја трошка од тие идеали, која најмногу се откриваше во неврзаните земји, кои веруваа повеќе во Југославија во тие времиња отколку самите нејзини жители во неа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како кој доаѓаше, така тој на Паца ѝ беше роднина, и како кој заминуваше, така Паца тие денови со сè поубав фустан излегуваше на улица.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Генералот со непресметлива гордост погледнуваше кон својата гарда, со поглед кој заминуваше некаде зад небото, зад сонцето и извикнуваше: Животот е еден и единствен!
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Во миговите на разведрувања можеше да се види целото пространство, панорамата на реката, трите града, пристаништето, доковите што се збиваат покрај водата... пругата... сите бродови кои заминуваат... кои пак поминуваат малку погоре... зад брдата после полињата... кон морето, после Шатам... Тоа беше единствено чувство...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)