Во реализирањето на тие задачи бил вклучен британскиот оддел на СОЕ во Каиро, кој започнал да води пореална политика сообразена спрема реалноста во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Аполинер е цврст во ставот дека не може да прифати ваква војна против францускиот јазик која започна во Германија, зашто истото тоа би можеле да го направат Французите во Франција, да се ослободат од германските зборови, потоа Англичаните, па Шпанците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко ја насетуваше нервозата на Камилски, поради видливото оддалечување од првобитно замислениот проект, сакајќи да ја појасни појавата на Васо-паша во нивниот план и затоа заклучи: Европските идеи во реформирањето на Отоманската Османската Империја од крајот на XIX век за кои се залагаше и Васа-паша Шкодрани, продолжија и во почетокот на XX век со Младотурската револуција во 1908 година која започна да се шири во Империјата од Македонија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Би настанала вистинска јазична војна во Европа, па и во светот!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XLIV Татко не можеше ниту во најоптимистичките варијанти да поверува дека трагањето по османотурцизмите со веќе изветвена конотација, посебно заемката кадија, со сите изведенки толку силно ќе го разбрануваат неговото сеќавање на минатото, одамна заклучено длабоко во себеси и што беше најнеобично првите зборови кои започна да ги разгледува најсилно го осветлуваа и го будеа неговото цариградско време збиднато меѓу 1919 и 1914 година, токму во цутот на неговата младост.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се повикуваат, во одбрана на оваа космополитска теза и врвни авторитети, како Гијом Аполинер, кој бил цврст во ставот дека не може да прифати ваква војна против францускиот јазик која започна во Германија, зашто истото би можеле да го направат Французите во Франција, да се ослободат од германските зборови, потоа Англичаните, па Шпанците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Следната нова мода - Носталгија - се појави дури во август, заедно со Бони и Клајд.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Пролетта 67. сè уште беше во знак на оној мод-мини-лудо-шешир џиски стил кој започна 64. и не можеше да биде поубаво.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Каква ли е оваа лукавост на жената со која започна нов живот?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Секретарот Јаворов, кој започна да зема и белешки од кажувањата на Цветан Горски, замоли за тишина.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Најстариот брат таинствено нѐ смируваше. Тој се мешаше со Партијата и одеше на доброволни работни акции на кои започнаа да доаѓаат и млади од западните земји.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Продолжуваше да си ги дочекува и другите свои од преку границата, но ги чекаше и Татковите блиски, кои започнаа да доаѓаат од Истанбул и од други краишта на Турција, од Грција.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Имено, ако тужениот – до заклучувањето на главната расправа – го признае тужбеното барање, судот – без натамошно расправање, ќе донесе пресуда со која го усвојува барањето на тужителот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судот, во случај да најде дека се работи за барање со кое странките не можат да располагаат – нема да донесе ваква пресуда, иако се исполнети останатите потребни услови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако работодавачот и работникот се согласат со арбитражно решавање на работниот спор, одлуката на арбитражата е конечна и задолжителна за двете страни и против неа не е допуштен спор пред надлежниот суд (чл. 183, ст.3-4 од ЗРО). Lex specialis за проблематиката на т.н. вонсудско расправање спорови со работна тематика, како што видовме на почетокот на книгава, е Законот за мирно решавање на работните спорови (2007) кој започна да се применува од почетокот на 2008 година, но сѐ уште не наиде на добар одѕив во праксата. 247
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но ерупцијата продолжила уште посилно, и покрај лавата и пепелот, исфрлал и смртоносен јагленороден диоксид од кој започнале луѓето да се задушуваат и трујат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)