Сега се слезени, ама ги нема. Ги одвеа провевот на животот, како кој застануваше на земја така и го одвејуваше тој провев - белки рацете им се жилави за нови вратила. 38 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Јас го правев тоа со страст што ме опијануваше, шмукајќи ја првин едната, а потоа другата брадавица, апејќи ги цицките чие менување на облините го чувствував на површината на усните и јазикот, кој застануваше на места за потоа одеднаш да направи свиок со врвот, да притисне, да потсети дека јас сум тука и дека таа игра не е надвор од мене, дека таа е дел од моето рацио, дека знам што правам и дека знам зошто го правам тоа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Како во софистицирана програма за анимација можеше да го реконструира секое негово движење - начинот на кој застануваше пред огледалото и во профил си го гледаше задникот кога пробуваше фармерки, благата повиеност на ’рбетот и затегањето на мускулите дур отвараше конзерва грашок, дланката со која се обидуваше да го задуши бунтот на влакната кои секое утро му прогласуваа автономија во косата, влечењето на нозете во полураспаднатите влечки, сите извивања на телото под различни агли и во различни позиции, кога тоа беше ненаспано, возбудено, бакнато или тажно.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)