кој (зам.) - извира (гл.)

Ме седнаа на студен камен И ме распрашуваа За потеклото на мразот Во процепите од кои извира здив На приказна За вечната зима Во срцето на каменот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
И како што молекуларните маси растат до една критичка вредност над која се преминува кон живот, како што од светот на минералите се издвојува вегететативниот свет, а растителниот живот во макрокосмосот, коренски врзан за космичкиот циклус, преминува во постепено раскоренување, во животно што лута, во самата внатрешна авантура на човечкиот микрокосмос, така и нашите историски мисла и пракса денес мораат да најдат посложен мерен инструмент од месарската вага на простите биологизми или макрокосмичките фиксации за избрани народи кои извираат директно од „нескротениот ѕвер” на биологизмот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Всушност, уште при првиот чекор во оваа земја, се доаѓа во допир со нејзиното најголемо и најдрагоцено богатство - нафтата, која извира од рамнините на Плоешти...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го нема? Тогаш Кој дише низ окарината Кој ја лулее тишината Кој разговара со планината Кој извира од вирот Погоре од Манастирот? Кој?
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Ако го затворите срцето, нема да ви прогледаат очите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да се откаже од чувствата кои извираат од неговата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Господе! - Над нејзината глава забележа две исти насмевки со две подбрадни дупчиња и две исти брчки меѓу очите. Две полни усни од кои извираше кураж.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Туку застанат одстрана, гледа како му се згрчува лицето, а тој со тоа нема ништо, нешто поодредено што во некоја смисла би го ослободило од сомневањето дека тој е токму овде под таа кожа а не некаде во околината на грчот рамнодушно посматрајќи ги илјадниците нови и непознати лица кои извираат од совршено набраната кожа,искривени облици на се што досега видел.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се работи за еден ист мотив кој извира од топлото чувствување на Градот, виден преку перото на уметникот на зборот, можеби само од него и од никој друг.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Долу планинската река, која извира од Караорман, стрмно се слеваше и бучеше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сенката на јастребот паѓа кружно врз Земјата од која извираат води како забранети љубови а човекот ѝ се покорува на жедта и кога ја порекнува.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И кога ѝ беше мачно во животот, во меандрите на осамата на староста, таа, да ја оставиме во нејзиното „гнезденце“ („furiqkёn“), во која извираше светлината на нејзината душа, која не поднесуваше никаква друга сенка, па дури и од своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајкината рационалност, која извираше од конкретното соочување со животот на новото семејство, убаво се усогласуваше со Татковата наклоност кон мистичноста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)