Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Бојот долж реката, која истекувајќи од вирот, откако после километар, два, кај новата железничка станица, ќе се протне под железничката линија, се дели на два крака: со едниот, горе, над Бучало, се влива во Бучинско Блато, а со другиот, кај местото Плазики, во Чепиговското Блато, се пренесе во Беговски Ливади.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ружди живее во егзил односно живее со пукнатината низ која истекува неговата другост, онаа кон која решил да пребегне, да се изолира, да опстои во самоизгон.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но тој беше повеќе за длабоки, недвижни води, од кои истекуваше река. Брзите води премногу го занесуваа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)